1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Албанската полиција изврши рација во камп на муџахедини

ЕМФ | агенции
21 јуни 2023

Албанската полиција изврши рација во камп на членови на иранско опозициско движење кој се наоѓа во близина на Тирана. Групата е осомничена за сајбер-напади врз странски институции, јавуваат албанските медиуми.

Влез во кампот Ашраф 3, Албанија (архивска фотографија)
Влез во кампот Ашраф 3, Албанија (архивска фотографија)Фотографија: Siavosh Hosseini/NurPhoto/picture alliance

Претресот на албанската полиција е извршен во кампот Ашраф 3, североазападно од Тирана, кој една деценија е дом на илјадници членови наОрганизацијата на народните муџахедини на Иран (ПМОИ). Тоа се противници на владата во Тирана кои живеат во егзил.

Според информации од ПМОИ, при судир со албанската полиција починало едно лице, а десетици се повредени. Албанскиот министер за внатрешни работи и полицијата, која објави снимки од акцијата, отфрлаат секаква одговорност. Министерот за внатрешни работи Бледи Чучи изјави дека полицијата направила сѐ што може за да избегне „инциденти“ и ниту еден член на ПМОИ не бил повреден од страна на полицајците. „Полициските сили во никој случај не предизвикале смрт на ниту едно лице во кампот на муџахедините“, изјави Чучи на прес-конференција и додаде дека полицијата чека на форензички извештај за смртта на човекот во кампот, кој бил на возраст од околу седумдесет години.

Локалните медиуми јавуваат дека стотици членови на ПМОИ се обиделе да им се спротивстават на полицајците. Групата, како што се вели, ја обвинува полицијата за употреба на бибер-спреј.

Според медиумски извештаи, полициската акција е дел од истрага поврзана со сајбер криминал. Наводно се запленети компјутери. Полицијата соопшти дека дејствувала по налог на албанското правосудство, поради тоа што групата „ги прекршила договорите и обврските преземени кога се сместила во Албанија од чисто хуманитарни причини“.

Според договорот од 2013 година, поддржан од ОН и САД, кој доведе до тоа членовите на ПМОИ да го напуштат Ирак, тие се населија во други земји, вклучително и Албанија. Нивниот број во Ашраф 3, најголемиот камп на ПМОИ во светот, порасна на околу 2.800 луѓе. Пристигнувањето на групата ги зголеми стравувањата од напади во Албанија. Во 2022 година, Тирана ги прекина дипломатските односи со Техеран, обвинувајќи ја земјата за масовни сајбер напади против Албанија. Техеран ги смета Народните муџахедини за „терористичка група“ и ги забранува од 1981 година.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми