1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Погреб на Алексеј Навални во Москва

СН/агенции
1 март 2024

Долго време беше нејасно дали навистина ќе има јавна погребна церемонија за починатиот противник на Кремљ, Алексеј Навални. Погребот треба да се случи денеска - и покрај малтретирањето и заканата од полициско насилство.

Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални почина на 16 февруари во руски затвор
Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални почина на 16 февруари во руски затворФотографија: Dawid Zuchowicz/Agencja Wyborcza.pl/REUTERS

Погребот на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални ќе се одржи денеска во Москва. Со оглед на голготата низ која помина неговото семејство пред да дојде до неговото тело, а потоа и да го организира погребот, вдовицата и соработниците на Навални се убедени дека властите во Русија нема да дозволат тој да помине мирно.
Тимот на Алексеј Навални објави дека погребот на најголемиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин ќе се одржи во петок на гробиштата Борисовски во Москва по прошталната церемонија во црквата Икона на Богородица во московската населба Марино, каде што живееше Навални.

Борисовските гробишта, каде треба да биде погребан Навални Фотографија: picture alliance/AP

Портпаролката на Навални, Кира Јармиш, рече дека тимот се мачел да најде место за одржување на церемонијата, бидејќи некои погребални домови тврделе дека се пополнети, додека други одбиле кога слушнале дека станува збор за погребот на Навални.
Вдовицата на лидерот на опозицијата, Јулија Навалнаја, изјави дека не е сигурна дали погребот ќе помине во најдобар ред или дали полицијата ќе почне да апси граѓаните и поддржувачите кои ќе дојдат да се простат од Алексеј.

Имено, веднаш по смртта на Навални, неговите поддржувачи и граѓани излегоа на улиците да положат цвеќе за починатиот политичар и да запалат свеќи. Медиумите соошпштија дека тогаш биле уапсени околу 400 лица.
Поради мистериозните околности околу неговата смрт, руските власти првично одбија да го предадат телото на Алексеј Навални на неговата мајка Људмила. Телото по осум дена конечно беше предадено на семејството, и тоа по обраќањето на Јулија Навални. 

Стотици луѓе беа приведени во Русија поради оддавање почит на НавалниФотографија: Vuk Valcic/ZUMA Wire/imago

Алексеј Навални почина во затвор на 16 февруари годинава. Со години беше најистакнатиот критичар на Владимир Путин. Неговата сопруга Јулија го обвини рускиот претседател за смртта на Алексеј, како и многу светски лидери.

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми