1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Алексеј Навални е мртов

ЕМФ / ртр
16 февруари 2024

Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, е мртов, соопшти управата на затворската колонија каде што тој ја отслужуваше својата казна.

Алексеј Навални
Алексеј Навални беше осуден на долгогодишна затворска казнаФотографија: Pavel Golovkin/AP Photo/picture alliance

Познатиот руски опозиционер Алексеј Навални е мртов, соопштено е од управата на затворската колонија каде што тој ја отслужуваше долгогодишната затворска казна. Според затворската управа во регионот Јамало-Ненец, Навални по прошетка на отворено се „почувствувал лошо“ и „речиси веднаш загубил свест“. Како што се тврди, веднаш бил повикан медицински персонал кој не успеал да го врати Навални во живот.

Руската новинска агенција Тас јави дека претседателот на Русија, Владимир Путин, бил информиран за смртта на Навални. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека тие немаат информации за причините за смртта на Навални. 

Навални, меѓу другото, беше осуден за екстремизам, обвинение кое самиот постојано го негираше. Рускиот опозиционер тврдеше дека кривичниот прогон против него има политички мотиви. Според него и неговите приврзаници, апсењето имало за цел да се поттисне критиката на сметка на Путин. Политичкото движење на Навални беше забрането, а неговите блиски соработници беа затворени или избегаа во странство.

Критичарот на Кремљ беше уапсен во јануари 2021 година по неговото враќање во Русија. Во август 2020 година нему му се слоши за време на лет во Русија. Прво беше лекуван во Русија, а потоа префрлен во Берлин, каде беше утврдено труење со нервен отров. Владата во Москва ги негираше обвинувањата дека се обидела да го убие Навални.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми