1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СОС линија за менталното здравје на децата и младите

03:52

This browser does not support the video element.

Ана Арсеновска-Зафирова
3 август 2024

Нив децата ги повикуваат кога им треба помош, кога чувствуваат страв, кога се малтретирани или емоционално префорсирани. Тие се обидуваат да го најдат најдобриот можен совет и решение во дадената ситуација - психолозите кои работат на СОС-линијата за деца и млади раскажуваат за она со што секојдневно се соочуваат додека одговараат на повиците кои пристигнуваат во „Ало Бушавко“.

Даниел Смиљков е волонтер психолог кој еднаш неделно ги слуша детските животни предизвици. вели дека децата се јавуваат поради „чувството на страв, чувството на небезбедност, анксиозност“:

„Имало голем број на деца кои што се јавувале и споделувале насилство кое што е извршено дали од родител, дали од наставник, дали од лице кое што е на нивна возраст од училиште.“

Секој нов повик е и нов предизвик, нагласува Смиљков:

Даниел Смиљков, психолог волонтер во „Ало Бушавко“Фотографија: Ana Arsenovska-Zafirova/DW

„Не знаеш со каков проблем се јавува самиот јавувач, самото дете, со што се соочува. Но можам да ги издвојам еден позитивен и еден негативен повик. Едниот позитивен беше од дете кое што имаше осум – девет години и неговото прашање беше од што се состои светот? Децата и младите не се јавуваат на 'Ало Бушавко' само за проблеми и тогаш кога им треба помош, туку и тогаш кога се љубопитни, тогаш кога сакаат да си ја осознаат средината, кога сакаат да научат нешто ново. Додека од негативната страна, помалку посакуваната е дефинитивно е еден од многуте повици кои што ги имам добиено е поради суицидални мисли, односно мисли за убиство и одземање на својот живот.“

Фотографија: Ana Arsenovska-Zafirova/DW

Повиците на „Ало Бушавко“ се слика за кондиција во која се наоѓа македонската младина. Полугодишниот извештај за 2024, вклучува 121 дете, преку 105 повици, на возраст од 7 – 17 години.

Психолог Клементина Добревска прави споредба:

Клементина Добревска, психологФотографија: Ana Arsenovska-Zafirova/DW

„Клучната разлика споредбено меѓу полугодишните извештаи за 2023 и 2024 година е менталното здравје кај децата, односно зголемениот број на дојави во 2024 година, небаре двојно повеќе од минатата година, односно со 63 % застапеност на дојави за менталното здравје кај децата. Што тоа значи? Децата имаат двојно повеќе присутност на страв и вознемиреност, проблеми со расположението, па дури и моменти каде имаат загриженост за себе си и доаѓа до суицидални мисли.“


Кои се најчестите причини за да се сврти на СОС-линијата, погледнете во видеото!

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми