1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаСоединети Американски Држави

Американски медиуми: Амазон ќе отпушти илјадници вработени

Кристијан Валц | АРД
15 ноември 2022

Прво Твитер и концернот мајка на Фејсбук, Мета, а сега и Амазон: Онлајн гигантот сака да укине околу 10.000 работни места, јавуваат американските медиуми.

Укинувањето на работните места во големите техно-концерни во САД продолжува. Според извештаи на американските медиуми, најголемата светска компанија за онлајн-трговија, Амазон, планира најголемо кратење на работни места досега поради мрачните економски изгледи. Концернот сака да започне со укинувањето на околу 10.000 работни места веќе оваа недела, пишува „Њујорк Тајмс“.

Амазон има околу 1,5 милиони вработени ширум светот. Компанијата веќе ги предупреди инвеститорите од можен слаб последен квартал и на почетокот на ноември одлучи да престане да вработува поради зголемените ризици од инфлација и рецесија.

Безос најави огромна донација

Во меѓувреме, основачот на Амазон, Џеф Безос, најавува донација на голем дел од неговото богатство за добротворни цели. Во интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен, Безос рече дека заедно со неговата животна придружничка Лорен Санчез во моментов „создаваат капацитети“ за да може да се донира голем дел од неговото богатство.

Џеф Безос и Лорен СанчезФотографија: Niklas Halle'n/AFP/Getty Images

На прашањето дали тоа ќе се случи додека е тој жив, 58-годишниот Безос одговори: „Да, сакам да го направам тоа.“

Некогаш најбогатиот човек на светот истовремено признава дека „не е едноставно“ да се донесе одлука каде донациите би биле најкорисни. Џеф Безос во моментов располага со богатство од најмалку 120 милијарди долари.

Достава на пратки: Исчезнале и шефот и парите

04:00

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми