1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамСоединети Американски Држави

Европа: Војската на САД гледа зголемена терористичка закана

СН/агенции
1 јули 2024

Според медиумските извештаи, американските воени бази во Германија и во други земји во Европа прогласија второ највисоко ниво на безбедност. Има индикации за можни напади.

Седиштето на Европската команда на американската армија во Штудгарт, Германија
Седиштето на Европската команда на американската армија во Штутгарт, ГерманијаФотографија: Sebastian Gollnow/dpa/picture alliance

Неколку воени бази на САД во Европа беа ставени во состојба на зголемена готовност во текот на викендот, а нивото на заштита на силите беше подигнато на второ највисоко ниво поради загриженост од можен терористички напад, изјавија двајца американски претставници за Си-Ен-Ен.

Базите, меѓу кои е и гарнизонот на американската армија во Штутгарт, Германија, кој е седиште на американската европска команда, го подигнаа нивото на безбедност на ниво на заштита „Чарли“, изјавија официјални лица за Си-Ен-Ен.

Тој статус „се применува кога ќе се случи инцидент или ќе се добијат разузнавачки информации кои укажуваат дека е веројатна некаква форма на терористичка акција или таргетирање на персонал или објекти“, наведе американската војска.

Еден од американските официјални лица, кој е стациониран во база во Европа, изјави за Си-Ен-Ен дека ова ниво на закана не е забележано „најмалку 10 години“ и посочи дека тоа обично значи дека војската добила „активно-веродостојна закана".

Европската команда на американската армија (УСЕУКОМ) „постојано проценува голем број фактори кои влијаат на безбедноста на американската воена заедница во странство“, наведе портпаролот на УСЕУКОМ, Ден Деј.

Американската воена база Рамштајн во германската покраина Рајнланд-ПфалцФотографија: picture-alliance/dpa/S. Kramer

„Како дел од тие напори, ние често преземаме дополнителни чекори за да ја обезбедиме безбедноста на нашите членови. Од оперативни безбедносни причини, нема да навлегуваме во конкретни мерки, но остануваме претпазливи“, рече Деј.

Не е познато кои разузнавачки податоци довеле до зголемената безбедност, но европските власти предупредија на потенцијална терористичка закана на континентот, особено пред Олимпијадата во Париз во јули и за време на тековното европско фудбалско првенство во Германија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми