1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Аптив“ и „Дура“ си одат – нови инвеститори на повидок

11 ноември 2025

Американски компании го напуштаат ТИРЗ, но Владата најавува нови инвестиции. Мицкоски и Мизо уверуваат дека Македонија останува конкурентна.

Премиерот Христијан Мицкоски дава изјава за новинарите во Скопје,18.03.2025 година
Американски фирми заминуваат, нови инвестиции пристигнуваатФотографија: Government of North Macedonia

Нов бран инвестиции

По најавите дека американските компании „Аптив“ и „Дура“, кои работат во индустриската зона „Бунарџик“ во Скопје, планираат да го напуштат македонскиот пазар, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема простор за загриженост.

„Ќе има компании, и домашни и странски, што ќе се отвораат, ќе има и такви што ќе се затвораат.Тоа не треба да се сфаќа како крај на светот“, рече Мицкоски при посетата на компанијата „Костал“ во Охрид.

ТИРЗ останува атрактивна за странски инвестиции

Владата најавува нов бран странски инвестиции и потенцира дека Македонија е една од најконкурентните земји во Европа. До крајот на годината се очекува четири до пет нови компании да потпишат договори за отворање капацитети, со што би се отвориле околу илјада работни места.

„Би рекол дека сме едни од најконкурентните во Европа, и тоа го покажуваме и со бројки и со дела“, додаде премиерот.

Компанијата „Костал“ најави нов инвестициски циклус во 2026 година, вреден 30 милиони евра, со отворање на 200 нови работни местаФотографија: Kostal

„Костал“ со нов инвестициски циклус од 30 милиони евра

Компанијата „Костал“ најави нов инвестициски циклус во 2026 година, вреден 30 милиони евра, со отворање на 200 нови работни места.

Мизо: Заминувањето на компании не го менува инвестицискиот тренд

Управителот на „Костал“, Виктор Мизо, истакна дека заминувањето на одредени компаниине значи дека нема да има нови инвестиции.

„Тоа се интерни одлуки на тие компании. Европската индустрија е во стагнација, но ќе има победници и компании што нема да се снајдат. Ние продолжуваме со инвестирање, што значи дека сме донеле правилна одлука да се развиваме во Македонија“, рече Мизо.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми