1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Медиуми: Републиканците ја имаат контролата во Сенатот

ЕМФ | агенции
6 ноември 2024

Републиканците ја презедоа контролата врз американскиот Сенат, кој досега беше во рацете на Демократите, јавуваат американските медиуми.

САД Капитол
Фотографија: Pedro Ugarte/AFP/Getty Images

Републиканската партија во САД презема контрола врз Сенатот, јавуваат американските медиуми. Досега во Сенатот тенко мнозинство од 51 наспроти 49 места имаа Демократите.

Трката за Претставничкиот дом сѐ уште е неизвесна. Досега таму контрола имаат Републиканците. Доколку го одбранат своето тесно мнозинство, Конгресот би бил целосно во нивни раце. Тоа, во случај Доналд Трамп да победи на изборите, значително би му го олеснило владеењето. Доколку победничка биде Камала Харис, пак, во такви услови ќе мора да смета на жесток отпор од Конгресот.

На овие избори во САД се гласа за сите 435 места во Претставничкиот дом и за 34 од вкупно 100 места во Сенатот. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми