1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Американскиот министер за одбрана пренесен во болница

ЕМФ | агенции
12 февруари 2024

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин повторно е хоспитализиран. Неговите должности ги презеде заменичката Кетлин Хикс, соопшти Пентагон.

Лојд Остин, министер за одбрана на САД
Лојд Остин, министер за одбрана на САДФотографија: Susan Walsh/AP/dpa/picture alliance

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин е пренесен на одделот за интензивна нега во воената болница Волтер Рид поради проблеми со мочниот меур, соопшти Пентагон. Одлуката, како што се додава, е донесена по „серија тестови и проценки“.

Остин, по подолго боледување, се врати на работа дури на крајот на јануари. На почетокот на годината тој беше мета на остри критики поради тоа што ја чувал во тајност својата болест - рак на простата и престој во болница поради компликации по хируршки зафат. Дури ни американскиот претседател Џо Бајден неколку дена не знаел дека министерот лежи во болница. На 15 јануари Остин беше отпуштен од болница. Белата куќа и Пентагон отворија интерна истрага поради случајот. Бајден поради молкот на Остин за неговата болест му префрли за недоволна комуникација, но истовремено му ја изрази својата доверба.

Овојпат јавноста беше информирана за престојот на министерот за одбрана во болница два часа по неговото префрлање во клиниката. Задачите на Остин ги презеде неговата заменичка Кетлин Хикс.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми