1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Нетанјаху му одговори на Шумер - не сме банана држава

ЖА
15 март 2024

Лидерот на Демократите во Сенатот, Чак Шумер, побара во Израел да бидат одржани нови избори, зашто владата на Нетанјаху во прв план ги има своите интереси наместо тие на земјата.

Чак Шумер, лидерот на Демократската партија во Сенатот, САД
Чак Шумер, лидерот на Демократската партија во Сенатот на САД Фотографија: Nathan Posner/Anadolu/picture alliance

САД со сѐ поостри тонови го критикуваат Израел поради хуманитарната катастрофа и високиот број  цивилни жртви  во Појасот Газа.  Сега и Чак Шумер, лидерот на Демократската партија во Сенатот и докажан поддржувач на Израел, се сврте против владата на Бенјамин Нетанјаху.

Во говор пред Сенатот, Шумер повика на одржување нови избори во Израел, кои според него се „единствен пат за здрав и транспарентен процес на одлучување за иднината, во време кога толку многу Израелци ја загубија довербата во визијата и насоката на нивната влада“.

Нетанјаху „скршна од патот со тоа што своето политичко преживување го стави над интересите на Израел“. Коалицијата во која влезе израелскиот премиер со исклучително десничарски екстремисти за последица ја има преголемата подготвеност на Нетанјаху за „толерирање на  цивилните жртви во Појасот Газа.“  Ова однесување ја симна поддршката за Израел во светски рамки на најниско дно. Земјата меѓутоа не може да преживее ако остане изолирана, предупреди Шумер.

Со оглед, според мислење на Шумер, на растечката ерозија на поддршката од израелското население за сопствената влада, важно е „Израелците да имаат можност на избор“. Политичката визија на Нетанјаху и неговиот владин сојуз се заробени во минатото, критикува Шумер: „Коалицијата на Нетанјаху веќе не одговара на потребите на Израел по 7 октомври. Светот оттогаш радикално се промени."

Шумер засега смета за малку веројатно постигнување  трајно решение за мир на Блискиот Исток,  а одговорноста за тоа покрај кај терористичката милиција Хамас и ставот на палестинскиот претседател Абас, ја лоцира и во  одбивањето на Нетанјаху  да дозволи  решение за постоење две држави.

„Израел не е банана – држава“

Од Израел експресно стигна реакција: партијата Ликуд на Нетанјаху категорично го отфрли повикот на Шумер за нови избори. „Израел не е банана – република, туку независна и горда демократија“, се вели во партиското соопштение. Нетанјаху е избран за премиер и неговата „одлучна политика“ е поддржана од големо мнозинство на израелското население. Истото важи и за израелскиот курс во поглед на  решението за две држави.

Но, како што јавува новинската агенција ДПА, во Израел опаѓа поддршката за Нетанјаху и неговата влада. Во случај на нови избори се заканува губење на гласови. И лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид го обвини Нетанјаху дека неговата политика води кон забрзано губење на меѓународната поддршка, што јасно го покажува и говорот на Шумер.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми