1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Анита Тополова-Исајловска е нов в.д. државен јавен обвинител

22 декември 2025

Советот на јавни обвинители ја избра Анита Тополова-Исајловска за в.д. државен јавен обвинител по оставката на Љупчо Коцевски. Детали за изборот.

Јавно обвинителство во Македонија
Советот на јавни обвинители ја избра Анита Тополова-Исајловска за в.д. државен јавен обвинителФотографија: Petr Stojanovski/DW

Советот на јавни обвинители денес едногласно ја избра Анита Тополова-Исајловска за вршител на должноста државен јавен обвинител, по оставката на Љупчо Коцевски. Таа беше единствен кандидат и досега ја извршуваше функцијата заменик државен јавен обвинител.

Тополова-Исајловска ќе ја врши функцијата до избор на нов државен јавен обвинител, но не подолго од шест месеци.

Зошто дојде до промена?

Минатата недела Советот го одложи изборот на в.д. обвинител, откако Коцевски поднесе неотповиклива оставка. Според Законот за јавното обвинителство, вршителот на функцијата се избира од редот на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Ова обвинителство брои 10 члена: Анита Тополова-Исајловска, Исмаил Дарлишта, Соња Симовска, Ферат Елези, Џелал Бајрами, Елвин Вели, Лиле Стефанова, Наум Паноски, Валентина Стојановска и Златко Биковски.

Што следува понатаму?

Собранието сè уште не ја започнало постапката за избор на нов државен јавен обвинител. Првиот чекор е објавување оглас за кандидати кои ги исполнуваат условите за раководење со органот надлежен за гонење сторители на кривични дела.

На прес-конференција на 16 декември, Коцевски соопшти дека заминува „со гордо крената глава“, но и со разочараност поради непочитување на принципите на правната држава. Се повика и на последниот извештај на Европската комисија, каде најголема критика беа политичките притисоци врз правосудството, кои ја парализираат борбата против корупцијата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми