1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нетанјаху и Путин непопуларни во Македонија

БГ
9 февруари 2026

Анкета на Галуп покажува дека израелскиот премиер Нетанјаху е најнепопуларниот странски политичар во Македонија, а по него следува Владимир Путин. Доналд Трамп и папата Лав XIV единствени позитивно оценети

Bildkombo | Benjamin Netanjahu und Wladimir Putin
Фотографија: picture-alliance/Alexander Zemlianichenko/POOL/AFP

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е најнегативно оценетиот странски политичар во Македонија, покажува меѓународна анкета на Галуп Интернационал спроведена меѓу 64.000 испитаници во 61 земја во периодот октомври–декември 2025 година. Во секоја земја бил обезбеден репрезентативен примерок со најмалку 1.000 анкетирани.

Во Македонија, дури 68% од испитаниците дале негативна оценка за Нетанјаху, наспроти само 9% позитивни впечатоци. Според методологијата на Галуп, тоа резултира со нето негативен рејтинг од –58%, најнизок меѓу сите странски лидери опфатени во анкетата за земјата.

На второ место според непопуларност е рускиот претседател Владимир Путин, но со значително поповолен скор од –14%. Во Македонија, 40% од анкетираните изразиле позитивно мислење за Путин, додека 54% негативно. Историски гледано, неговиот рејтинг во земјата покажува силни осцилации: од позитивни +15% во 2017, до пад на –10% во 2018 и повторен раст на +5% во 2019 година. 

Македонија е меѓу ретките земји во кои американскиот претседател Доналд Трамп има позитивен рејтинг. Фотографија: Alex Brandon/AP Photo/picture alliance

Трамп и Лав со „тесно“ позитивно мнозинство

Македонија е меѓу ретките земји во кои американскиот претседател Доналд Трамп има позитивен рејтинг. Иако нето резултатот е скромни +2%, податоците откриваат силна поларизација: 48% позитивно, 46% негативно мислење. Ова е првпат Трамп да има позитивен нето рејтинг во Македонија. Во претходните години неговиот рејтинг бил –4% во 2017 година, рекордно низок –25% во 2018 и повторно –4% во 2019. Според анкетата, Трамп има позитивен рејтинг во 11 од 61 земја.

Кинескиот претседател Ши Џинпинг во Македонија има нето негативен рејтинг од –1%, со речиси израмнети оценки: 36% позитивни и 37% негативни ставови.

Слично поделено е и мислењето за папата Лав Четиринаесетти. Позитивно мислење имаат 35% од испитаниците, а негативно 33%. Со оглед дека поглаварот на Римокатоличката црква има негативен рејтинг во седум земји, Македонија се наоѓа веднаш потоа како земја со една од најниските стапки на позитивно мислење за него.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми