1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мизрахи: Во здравствениот систем има „канцер-мафија“

ДТЗ
3 ноември 2023

Досега се сослушани 49 сведоци и експерти, а 10 лица не се појавиле, иако биле уредно поканети, информираше Мизрахи на прес-конференција.

Рашела Мизрахи
Мизрахи обвинува за „канцер-мафија“- бара да се прошири истрагатаФотографија: DW/Petr Stojanovski

Претседателката на собраниската Анкетна комисија за скандалот со цитостатици, Рашела Мизрахи вели дека на Клиниката за онкологија имало „канцер-мафија“ и бара да се продолжи рокот на работата на комисијата, но и да биде опфатен и периодот од 2023 година.

„Вистината за канцер-мафијата мора да се знае. Одговорност за дивото месо во здравството ќе има, со име и презиме“, вели Мизрахи.

ВМРО-ДПМНЕ во четвртокот објави извештај на Фондот за здравство во кој се констатирани проблеми. Според Мизрахи, Фондот за здравство нарачал и изготвил извештај од кој „јасно се гледа дека скандалозното работење на Онкологија, основаните сомнежи за заработка на грбот на болните пациенти, и несоодветен третман на заболените од рак се случува и денес и тоа не е престанато“.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ вели дека и покрај доволните складирани количини на лекови, веледрогерии и денес набавувале огромни колични лекови за суми кои се изразени во милиони евра. Лековите за болните од рак на Клиниката за радиологија и онкологија, пак, биле давани на рака на пациентите, во торбиче, спротивно на медицинските протоколите.

Последен ден за сослушување

Денес е последниот ден за сослушување на сведоци и експерти на Анкетната комисија за истражување на случајот за Онкологија. Досега се сослушани 49 сведоци и експерти, а 10 лица не се појавиле иако биле уредно поканети, информираше Мизрахи на прес-конрефенција. Како сведоци по вторпат се викнати екс-директорот на Онкологија доктор Нино Васев, државниот обвинител Љубомир Јовески, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Стево Крстевски.

Досега се сослушани 49 сведоци и експерти, а 10 лица не се појавиле иако биле уредно поканети, информираше Мизрахи на прес-конференцијаФотографија: Kabinett des Präsidenten von Nord-Mazedonien

Обвинувања

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во четвртокот (02.11) на прес-конференција рече дека има нови сознанија за Клиниката за онкологија за периодот од 2021 до 2023 година. Како што посочи, се работи за огромна документација која ја добиле преку свиркачи. Тој најави дека сите документи ќе бидат доставени до Јавното обвинителство.

На прес-конференцијата реагираше пратеникот на СДСМ и член на собраниската Анкетна комисија за скандалот на Онкологија, Ненад Коциќ. Тој потенцираше дека со оваа постапка Мицкоски се обидува да изврши упад и ја загрозува истрагата за Онкологија.

Реагираше и Клиниката за радиотерапија и онкологија-Скопје. Тврдат дека не станува збор за никакво ново откритие или скандал кој беше објавен од страна на Христијан Мицкоски. „Наводите и документите кои беа објавени се дел од документацијата која уште од почетокот на истрагата е предадена на сите истражни органи. Истата документација е во целост предадена и на Анкетната комисија“, се вели во реакцијата.

Одлуката за формирање Анкетна комисија беше донесена на 20 септември. За случајот веќе е отворена предистражна постапка во Обвинителството, коешто најави дека тројца онколошки пациенти ќе ја набљудуваат постапката која што се води, со цел да биде траспарентен целиот процес. Скандалот предизвика серија протести во Скопје на кои беше побарано брзо расветлување и одговорност за случајот.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми