1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тензична расправа за „случајот Онкологија“

ДТЗ /МИА
13 ноември 2023

Опозицијата ја лоцира „примарната политичка одговорност“ кај поранешниот министер Венко Филипче. СДСМ смета дека работата на Анкетната комисија се политизира.

Анкетна комисија за Онкологија
Тензична расправа и обвинувања за одговорност на Анкетната комисија за ОнкологијаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Со тензична расправа и обвинувања за одговорност продолжи работата на Анкетната комисија за случувањата на Клиниката за онкологија, чиј мандат е продолжен за уште 30 дена. Во овој период комисијата ќе треба да ги разгледа и утврди сите факти поврзани со случајот со цитостатици. Во наредниот период  ќе треба да се анализираат собраната документација и стенограмите од исказите на 60 сведоци кои беа сослушани изминатиот месец. 

Спротивставени сведочења

Антонијо Милошоски од ВМРО ДПМНЕ смета дека „примарната политичка одговорност"  за злоупотреби на Онкологија ја носи поранешниот министер за здравство Венко Филипче. Милошоски увидел спротивставени сведочења, зашто Филипче во излагање на 17 октомври рекол дека не бил запознат за непостоењето протоколи и стручен конзилиум на Онкологија, а дека поранешниот директор на клиниката, Нино Васев „ги демантирал исказите на Филипче", зашто во своето сведочење кажал дека праќал извештаи до кабинетот на министерот за здравство. 

Антонијо Милошоски смета дека „примарната политичка одговорност"  за злоупотреби на Онкологија ја носи поранешниот министер за здравство Венко Филипче.Фотографија: Boris Georgievski/DW

„Од овие излагања имам констатација -  или за неговорење на вистината од Венко Филипче, дека не бил запознат со состојбата на Онкологија, или бил запознат, но тоа не сакал да го каже“, рече Милошоски. Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ смета дека поранешниот министерот не постапил по член 295 став 1  од Законот за здравствена заштита,  според кој министерот врши надзор над работата над здравствените установи.

Поранешниот министер за здравство, Венко Филипче во своето сведочење во октомври рече дека не бил запознат со КАТО-системот за контрола на терапиите на пациентите на Клиниката за онкологија и радиотерапија, кој со години не бил употребуван. За време на неговиот мандат како министер, тој смета дека немало пропусти во работењето на клиниката. 

„Политичката одговорност треба да се бара претходно, зошто имало лекови само за мал број пациенти. Не сум дал иницијатива да се воведе КАТО систем. Ако сум дал предлог, ќе сум го имплементирал. До моментот на моето доаѓање на функција, не сум знаел ништо за Клиниката за онкологија“, рече тогаш Филипче.

„Ние не сме суд“

Пратеникот Ненад Коциќ од СДСМ смета дека работата на Анкетната комисија се политизира, а Милошоски донел „личен заклучок". Тој посочи дека и членовите на комисијата треба да ги разгледаат материјалите што ги собрале и заедно да утврдат заклучоци што ќе ги достават до Собранието. „Ние треба да разгледуваме документи, а не од парафразирани изјави да се носат заклучоци и врз основа на тоа и обвинение. Ние не сме суд, не сме обвинителство“, рече Коциќ.

Според Арбен Зибери, бесмислено е да се анализира кој што кажал на сослушувањето и за тоа да може да се направи на Комисијата ќе и треба една година. „На ваков начин се влегува во политичка дебата, а ние немаме мандат за тоа“, додаде тој.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми