1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК

13 февруари 2026

Антикорупционерката Цвета Ристовска поднесе неотповиклива оставка по сомнежите за судир на интереси. ДКСК отвори два предмети за проверка на Ристовска

симболична слика - лупа
Оставката на Цвета Ристовска ја тресе Антикорупциската комисија: два предмети и ја урнаа позицијатаФотографија: picture alliance/Bildagentur-online/Begsteiger

Антикорупционерката Цвета Ристовска, за која Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) отвори два предмети, денес поднесе неотповиклива оставка од функцијата член на Комисијата. Оставката била доставена до претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Во оставката, повикувајќи се на член 14 став 1 алинеа 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Ристовска наведува:

„По недели јавни полемики и сомнежи поврзани со мојата работа во Комисијата, донесов одлука да поднесам неотповиклива оставка. Во целата моја професионална кариера работев законито, совесно и со најдобра намера. Жал ми е доколку одредени околности, вклучително и можни административни пропусти, доведоа до неосновани сомнежи во јавноста“.

Таа дополнува дека секогаш барала изземање во случаи на можен судир на интереси и дека ги почитувала законските обврски.

Ова е втора оставка во новиот состав на ДКСК. Во јули минатата година оставка поднесе претседателката Татјана Димитровска, против која Обвинителството подоцна поднесе обвинение за „Адитив“.Фотографија: Staatliche Kommission zur Korruptionsprävention

Два предмети и постапки за проверки

Пред десетина дена телевизијата Телма објави дека ДКСК отворила два предмети против Ристовска, поврзани со непријавување на фирмите на нејзините деца во анкетниот лист и потенцијален судир на интереси.

Според објавените информации, наводно фирмата „Буст ДООЕЛ“ – во сопственост на нејзиниот син – добила по 35.000 евра од кампањите на претседателските кандидати Стево Пендаровски (СДСМ) и Гордана Сиљановска Давкова (ВМРО‑ДПМНЕ) за изборите во 2024 година. Истата фирма добивала средства и за локалните избори во 2021 година, кога Ристовска била помошник државен ревизор.

Вториот случај го објави партијата Левица, која посочи дека Ристовска не ги пријавила фирмите на своите деца во анкетниот лист.

Ристовска за Телма тогаш изјави дека работи законито и професионално: „Во сите случаи каде постои можност за сомнеж или перцепција за судир на интереси, барав изземање. Оценката за непристрасност се темели на факти и документи“. Таа посочи дека нејзините деца од 2017 и 2019 година не живеат со неа во заедничко домаќинство и дека нивните деловни активности немаат поврзаност со нејзиниот работен статус.

Контекст и претходни контроверзии

Ристовска беше известител за случајот со проверките на дипломата на директорот на АНБ, Бојан Христовски, кој беше објавен пред повеќе од една година. ДКСК, тогаш не утврди пропусти со издавањето на диплома на шефот на тајната полиција. 

Ова е втора оставка во новиот состав на ДКСК. Во јули минатата година оставка поднесе претседателката Татјана Димитровска, против која Обвинителството подоцна поднесе обвинение за „Адитив“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми