1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИран

Арапско Море: САД соборија ирански дрон

СН/агенции
4 февруари 2026

Според наводите на американската војска, иранскиот дрон „агресивно“ се приближил до носачот на авиони Абрахам Линколн - по што бил соборен. Разговори меѓу двете земји треба да се одржат во петок.

Американскиот носач на авиони УСС Абрахам Линколн плови на отворено море
Американскиот носач на авиони УСС Абрахам Линколн во моментов се наоѓа во Арапското мореФотографија: Eric S. Powell/ABACA/picture alliance

САД, според наводите на Пентагон, собориле ирански дрон во Арапското Море. Дронот се приближил до носачот на авиони УСС Абрахам Линколн на „агресивен“ начин, објави американската војска. Дронот од типот Шахед 139 продолжил да лета кон бродот „и покрај мерките за деескалација преземени од американските сили во меѓународните води“. Потоа, бил соборен од американски борбен авион Ф-35Ц. Како што е наведено, инцидентот се случил на околу 800 километри јужно од брегот на Иран.

Соборување во „самоодбрана“

Соборувањето е извршено во „самоодбрана“ за да се заштити носачот на авиони и неговиот екипаж, изјави портпаролот. Според достапните информации, нема повредени или штета од американска страна. Американската војска наведе дека неколку часа претходно иранските сили вознемириле трговски брод под американско знаме со американски екипаж во Ормускиот теснец.

Иранскиот дрон од типот Шахед опасно се приближил до американскиот носач на авиониФотографија: Middle East Images/picture alliance

Порталот Сабрин-Њуз објави дека друг дрон на Иранската револуционерна гарда се упатил кон областа за да го следи носачот на авиони.

Планирани разговори меѓу САД и Иран

Во последно време, тензиите меѓу САД и иранското раководство повторно значително се зголемија. На почетокот на годината, САД го зголемија своето воено присуство на Блискиот Исток и распоредија носач на авиони и неколку разурнувачи во регионот. Американскиот претседател Доналд Трамп го објасни овој потег поради зголемените тензии, предупредувајќи го Иран да не ги задушува протестите насилно или да ја обновува  нуклеарната програма. Владата во Техеран, од своја страна, се закани со „сеопфатна војна“во случај на напад. Разговорите меѓу САД и Иран се планирани за петок во Турција.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми