1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Армијата во Габон прогласи „крај на актуелниот режим“

ЕМФ | агенции
30 август 2023

Неколку дена по контроверзните избори во Габон, претставници на армијата соопштија дека ја собориле владата. Група високи офицери се појавија на телевизија и рекоа дека ја презеле власта во оваа африканска земја.

Габон | воен удар, пуч
Претставници на армијата на телевизијата Габон 24 објавија преземање на властаФотографија: Gabon 24/AFP

Група војници и полицајци во Габон во телевизиско обраќање објавија „крај на актуелниот режим“. Дванаесетте мажи на телевизијата Габон 24 денеска (30.08) објавија и дека ќе ги анулираат претседателските и парламентарните избори што се одржаа минатиот викенд и ќе ги распуштат „сите институции на републиката“. Границите на централноафриканската земја остануваат затворени до натамошно известување.

Војската го оправдува чекорот со „неодговорното, непредвидливо владеење“ што довело до „континуиран пад на социјалната кохезија“ што се заканува да ја втурне земјата „во хаос“. Тие изјавија дека зборуваат во име на „Комитетот за транзиција и институционална обнова“.

Во саботата во Габон се одржаа претседателски и парламентарни избори. Пред телевизиското обраќање на претставниците на армијата, изборната комисија ја објави победата на актуелниот, долгогодишен шеф на државата, Али Бонго Ондимба.

     

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми