1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

По едногодишно бегство, Артан Груби се врати дома

23 февруари 2026

Артан Груби е приведен на Блаце по повеќе од една година бегство. МВР го спроведе во истражен затвор по обвиненијата за злоупотреби во „Лотарија“ и корупција.

Артан Груби 29.08.2019
Артан Груби по една година бегство се врати во МакедонијаФотографија: DW/P. Stojanovski

Поранешниот вицепремиер и висок функционер на ДУИ, Артан Груби, изутринава се врати во Македонија по повеќе од една година бегство. Тој се појавил на граничниот премин Блаце, каде што бил лишен од слобода и спроведен од страна на македонската полиција.

Според Министерството за внатрешни работи (МВР), Груби пристигнал на косовско-македонската граница во 6:10 часот. Полициските службеници веднаш го привеле, бидејќи по него беше распишана меѓународна потерница.

„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин ‘Блаце’, на влез во државата, е лишен од слобода Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22 од Кривичниот законик“, соопштија од МВР.

Во медиумите веќе се појави видеоснимка од моментот на спроведувањето на преминот Блаце, на која се гледа како Груби, со качулка на главата, ги подава раце на кои полицајците му стават лисици. 

МВР во 2024 година распиша меѓународна потерница по Артан ГрубиФотографија: https://mvr.gov.mk/potragi-ischeznati/potragi

Црната листа на САД и бегството од земјата

Груби, поранешен прв вицепремиер и министер за политички систем од редовите на ДУИ, во декември 2024 година беше ставен на т.н. црна листа на САД поради наводна вмешаност во значителна корупција, поврзано со предметот „Таргет“ на СЈО.

По објавувањето на санкциите, Груби се повлече од јавниот живот, иако тврдеше дека пред „семејството и пријателите е чист како солза“. Откако Обвинителството отвори истрага за случај поврзан со „Државна лотарија“, каде што беше осомничен за злоупотреба и проневера, Груби ја напушти државата, порачувајќи на социјалните мрежи дека е „во приватна посета на Косово“.

Истражната постапка и обвиненијата за злоупотреби

Македонската полиција веднаш распиша меѓународна потерница, а Обвинителството побара притвор поради основано сомнение дека Груби и Перпарим Бајрами учествувале во наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ-апарати. Според обвинителството, со донесени одлуки и договори била нанесена штета на институцијата од околу 500 милиони денари. На 17 декември Кривичниот суд им одреди триесетдневен притвор на Груби и Бајрами, по што беше издадена национална, а потоа и меѓународна потерница.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми