1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалСловачка

Атентат врз Фицо: шок со предисторија

БЈ | АРД
16 мај 2024

Словачкиот премиер Роберт Фицо е тешко ранет во атентат. По итната операција, се вели, дека е повторно при свест и во стабилна состојба. Експерти оценуваа дека инцидентот е трагична ескалација на случувањата во земјата.

Ранетиот словачки премиер Роберт Фицо беше префрлен со хеликоптер во болницата во Банска Бистрица, каде што според надлежните успешно се опоравува.
Ранетиот словачки премиер Роберт Фицо беше префрлен со хеликоптер во болницата во Банска Бистрица, каде што според надлежните успешно се опоравува.Фотографија: Jan Kroslak/TASR via AP/picture alliance

Видео клипот од осомничениот напаѓач само неколку часа по атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо, се најде во медиумите. Не бил согласен со политиката на владата, вели тивок глас. Зошто се напаѓа јавниот радиодифузен сервис, прашува понатаму. Според словачките медиуми, се работи за протечена снимка во која полицијата сослушува еден наводно 71-годишен аматерски писател и поранешен соработник на приватна фирма за обезбедување од западот на земјата.

Атентаторот беше уапсен на лице местоФотографија: Radovan Stoklasa/AP Photo/picture alliance

Владата зборува за политички мотивирано дело

„Нема сомнеж дека атентатот има политичка заднина", вели министерот за одбрана Роберт Калинак, кој е човек од доверба на Фицо. „Доживеавме навистина трагичен ден, на кој премиерот на Словачка се бори за живот”, рече тој. Според министерот за внатрешни работи, Матуш Сутај Есток, сторителот пукал пет пати во Фицо, еден од нив го погодил во стомакот. Полицијата презема заострени мерки за безбедност на политичарите, но и за новинарите. „Се обраќам на јавноста, на сите новинари, на сите политичари: да престанеме да шириме омраза насочена против едниот или другиот политички блок", апелираше министерот.

Сите протести и јавни настани се откажани

Фицо, кој е пријателски настроен кон Русија, е на власт од минатиот октомври и тоа веќе по четврти пат, со умерен лев и помал десно-националистички коалициски партнер.

Словачкиот премиер Роберт Фицо пристигнува на седницата на владата во градот Хандлова, по која беше извршен атентатот врз негоФотографија: Radovan Stoklasa/TASR/AP Photo/picture alliance

Либералната про-европска опозиција од тогаш смета дека е загрозена правната држава и слободата на медиумите. Таа редовно организира анти-владини протести. На денот на атентатот сакаше да демонстрира против планираното укинување на јавниот радиодифузен сервис. Но, повеќето партии сега ги откажаа протестите и настаните во пресрет на европските избори во Словачка.

Не се сите на линија на помирување

Претседателката во заминување, либерално ориентираната Зузана Чапутова, која и самата многу пати била предмет на вербални напади од Фицо, го осуди атентатот, исто како и политичарите од опозицијата. Тие повикаа на помирување. Дел од таборот на Фицо пак, како потпретседателот на неговата партија, Лубош Блаха, ја заострува реториката.  „Најостро го осудувам денешниот настан, но истовремено искажувам длабока одвратност за тоа што либералните медиуми направија во изминатите години, исто и политичката опозиција. Ширеа омраза против Фицо. Тие му ја врзаа јамката околу вратот”, рече Блаха.

Претседателката на Словачка во заминување, Зузана Чапутова остро го осуди атентатотФотографија: Vit Simanek/CTK/IMAGO

Словачкото општество екстремно поларизирано

Атентатот врз Роберт Фицо, е првиот врз еден политичар во историјата на Словачка. Политикологот Мирослав Радек зборува за колективен шок и вели дека тој „има предисторија. Потсетувам на 2018 година и убиството на новинарот Јан Куцијак и неговата вереница". Радек потсетува и на "омразата од некои политичари насочена кон новинари, како и на двојното убиство пред квир бар во Братислава во 2022 година. Сето тоа се последици на тензичното расположение. Нашето општество е поларизирано како никогаш досега”, заклучува политикологот.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми