1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаАргентина

Атентат врз поранешната аргентинска претседателка Кирхнер

ЕМФ / дпа
2 септември 2022

Врз поранешната аргентинска претседателка Кристина Кирхнер е извршен атентат, соопшти актуелниот претседател на Аргентина, Алберто Фернандез. Обидот за убиство е неуспешен, поради тоа што пиштолот се заглавил.

Моментот кога напаѓачот го вперува пиштолот кон Кристина Кирхнер
Моментот кога напаѓачот го вперува пиштолот кон Кристина КирхнерФотографија: Television Publica Argentina/AP/picture alliance

Обидот за убиство на поранешната агрентинска претседателка Кристина Кирхнер се случил вчеравечер (1.09) пред нејзиниот дом во населбата Реколета, во Буенос Аирес. Напаѓачот ѝ вперил пиштол в лице, соопшти претседателот на Аргентина, Алберто Фернандез. Тој наведе и дека атентаторот го притиснал чкрапалото, но не немало истрел. „Кристина е сѐ уште жива затоа што оружјето, во кое имало пет куршуми, не пукнало од технички, засега непотврдени, причини“, изјави Фернандез.

69-годишната Кирхнер е без повреди. Од нападот врз поранешната претседателка има и видеа, на кои може да се види како лице гаѓа во Кирхнер од непосредна близина. 

Осомничениот 35-годишен напаѓач е уапсен. Неговиот пиштол е запленет, изјави министерот за внатрешни работи Анибал Фернандез за весникот „Кларин“. Како што се вели, станува збор за лице по потекло од Бразил. Причините за нападот засега се непознати.

Кристина Кирхнер беше претседателка на Аргентина од 2007 до 2015 година. Пред нејзината куќа во текот на изминатите денови се одигруваа хаотични сцени. Голем број нејзини приврзаници кампуваат пред куќата во знак на поддршка за популарната политичарка. Во судски процес против Кирхнер за корупција, Обвинителството побара 12 години затвор и доживотна забрана за извршување јавни функции. Таа е осомничена за криминално здружување и оштетување на државата за една милијарда евра.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми