1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСоединети Американски Држави

Тонска снимка за доверливите документи - Трамп во тесно

АРД
27 јуни 2023

Тврдењето на екс-претседателот на САД Доналд Трамп дека кај него пронајдените државни документи не биле веќе тајни, го оспорува тонска снимка на која тој самиот се фали со недекласифицирани акти

 Доналд Трамп САД
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп на аудио снимка се фали со тајните документиФотографија: John Bazemore/AP Photo/picture alliance

Доналд Трамп седи со неколкумина пријатели, во опуштено расположение, додека им покажува повеќе документи: „Видете го ова“. Околу две минутната снимка од 2021 година е прилично деликатна.

Зашто, покрај подбивот со политичките ривали, доаѓа и следната реченица: „Како претседател ќе можев да ги декласифицирам, но сега не можам", вели Трамп за документите за кои се води разговор со присутните.

Која е причината за овој лесен разговор за државните тајни? „Мотивот бил веројатно да се фали. На присутните им вели: веројатно не ми верувавте, но сега гледате сами“, објаснува поранешната државна обвинителка Лаура Коутс за ТВ Си-Ен_Ен, која ја објави аудио снимката, со која Трамп ги поткопува сопствените досегашни аргументи.

Федералната полиција ФБИ во претресот извршен минатата година на приватниот имот на Трамп, Мар-а-Лаго  во Флорида, пронајде и заплени бројни доверливи документи, некои со печат на највисока тајност. Во средината на овој месец против Трамп е подигнато обвинение за свесно чување на доверливи документи и противење да ги врати.

Но,тој постојано го одрекуваше ова обвинение, на пример во интервју за американската ТВ Фокс њуз минатата недела. „Нема никакви документи, едноставно само еден куп хартија и се` можно, меѓу друго и за Иран. Јас не поседував никакви документи, немаше што да се декласифицира, во прашање беа новински извештаи“, тврдеше Трамп.

Познато беше дека постои снимка, еден исечок е дел од обвинението против Трамп. Со нејзиното објавување меѓутоа секој може сега самиот да си создаде слика за односот на Трамп со тајните информации, изјави поранешниот државен обвинител Хери Литман за Си-Ен-Ен.

„Оваа снимка имаше централно место за издавањето налог за претрес кај Трамп. Во службите постоеше сомнеж, но оваа снимка ги убеди, а кога ја слушате, разбирате и зошто“, вели тој. Трамп во неа раскажува за наводен план на Генерлштабот околу напад врз Иран. „Тоа е чист експлозив, подоверливо нешто од ова не е можно," оценува екс обвинителот.

Портпарол на Трамп снимката ја нарече натамошна лага од страна на Демократската партија и Министерството за правда.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми