1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиАвганистан

Авганистан јавува за жртви во обновените борби со Пакистан

ЖА / агенции
15 октомври 2025

Напади и меѓусебни обвинувања: Насилството по должината на 2.400 километри долгата граница меѓу Авганистан и Пакистан продолжува.

Талибански вооружени војници ја надгледуваат границата со Пакистан
Пакистан го обвини Авганистан за отворање „неиспровоциран оган“Фотографија: Sanaullah Seiam/AFP

Борбите на границата меѓу Авганистан и Пакистан продолжуваат: Според исламистичките талибанци и пакистанската војска, рано утрово имало размена на оган во пограничните провинции Кандахар и Белуџистан. Кабул и Исламабад се обвинуваат меѓусебно за конфронтацијата.

Според портпаролот на талибанците, Сабихула Муџахид, дванаесет цивили се убиени, а повеќе од 100 се повредени во пакистанските напади во Кандахар, јужен Авганистан. Авганистанскиот радиодифузер Толоњуз, повикувајќи се на локална болница, објави дека има од 10 до 15 мртви и повеќе од 80 повредени. Меѓу жртвите имало жени и деца.

Конфликтот меѓу соседните земји ескалираше во текот на викендот со судири на нивната заедничка граница. Неколку експлозии се случија во главниот град на Авганистан, Кабул, минатиот четврток. Авганистанска воена единица потоа јави за „воздушни напади“ од страна на  Пакистан.

Во петокот, пакистанските талибанци ја презедоа одговорноста за неколку смртоносни напади во проблематичната пакистанска покраина Хајбер Пахтунхва на северозапад од земјата, која се граничи со Авганистан. Конфликтот потоа ескалираше во текот на викендот, оставајќи десетици мртви и повредени од двете страни.

Откако  талибанците  се вратија на власт во Авганистан  во август 2021 година, имаше постојани престрелки меѓу единиците од двете соседни земји. Пакистан долго време го обвинува Авганистан дека им нуди засолниште на милициите кои вршат напади во Пакистан. Талибанската влада во Кабул тоа го негира.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми