1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиИндија

Авионска несреќа во Индија: Се стравува од многу загинати

СН/агенции
12 јуни 2025

Авион на „Ер Индија“ се урна по полетувањето во индискиот град Ахмедабад. Според извештаите на индиските медиуми, во авионот имало повеќе од 240 лица. Авионот бил на пат кон Лондон.

Пожарникари ги гасат пламените во остатоците од урнат авион
Во урнатиот авион на „Ер Индија“ имало повеќе од 240 луѓеФотографија: Ajit Solanki/AP Photo/picture alliance

Патнички авион на компанијата „Ер Индија“ се урна во западна Индија, потврди Министерството за цивилно воздухопловство. Авионот се урнал над станбена област кратко по полетувањето од меѓународниот аеродром Ахмедабад во државата Гуџарат. На телевизиските снимки можеа да се видат остатоци од авионот во пламен и густ црн чад кој се издига кон небото во близина на аеродромот. Авионот од типот „Боинг 787-8 Дримлајнер“  бил на пат кон аеродромот „Лондон Гетвик“ во Велика Британија.

Авионот се урна во станбена област во градот АхмедабадФотографија: Ajit Solanki/AP Photo/picture alliance

Полиција: Најмалку 244 луѓе во авионот

„Моментално ги истражуваме деталите и ќе дадеме дополнителни информации“, соопшти Ер Индија на социјалната мрежа X:

Според Индиската управа за цивилно воздухопловство, најмалку 232 патници и 12 членови на екипажот биле на летот AI171. На телевизиските снимки можеше да се види како спасувачите носат луѓе на носила и ги транспортираат со амбулантно возило до најблиските болници.

Последната тешка авионска несреќа во Индија се случи во 2010 година. Тогаш, при неуспешно слетување на авион на „Ер Индија“ на аеродромот во јужноиндискиот град Мангалор, загинаа 158 луѓе, а осум патници преживеаја.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми