1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиПолска

Автомобил влета во група луѓе во полскиот град Шчечин

ЕМФ | афп
1 март 2024

Во полскиот град Шчечин автомобил влета во група луѓе и повреди најмалку 17 лица.

полициска блокада полска
Фотографија: Artur Widak/NurPhoto/IMAGO

Седумнаесет лица, меѓу кои и тројца малолетници, се повредени денеска (1.03) кога автомобил влета во пешаци на пешачки премин во полскиот град Шчечин, соопшти гувернерот на провинцијата Адам Рудавски.

„Овде имаме инцидент со моментално 17 повредени, од кои три малолетни и двајца се во критична состојба. Лицето што ја предизвика несреќата е приведено“, изјави Рудавски без да соопшти други детали.

Портпаролот на полицијата Павел Панкау изјави дека возачот е 33-годишен полски граѓанин. „Ова не бил терористички акт“, рече Панкау.

Според досегашните сознанија, автомобилот кој се движел со голема брзина удрил прво во пешаците, а потоа во други три возила. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми