1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСоединети Американски Држави

Бајден го притиска Нетанјаху за прекин на огнот во Газа

ЖА
22 август 2024

Американскиот претседател Џо Бајден во телефонски разговор го повикал израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на брзо постигнување договор за прекин на огнот со исламистичкиот Хамас во Појасот Газа.

Американскиот претседател Џо Бајден
Американскиот претседател Џо БајденФотографија: White House/ZUMA Press Wire Service/picture alliance

Претседателот Џо Бајден истакнал дека мора да се доведе до крај договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците. Тој исто така го информирал Нетанјаху за напорите на САД да ја поддржат одбраната на Израел од  заканата „од Иран и неговите поддржувачки терористички групи“.

Во соопштението на Белата куќа се вели дека Бајден ја истакнал итноста за постигнување договор. Во телефонскиот разговор, Бајден и Нетанјаху разговараа за „договорот за прекин на огнот и  ослободување на заложниците“,  како и за „дипломатските напори за деескалација на регионалните тензии“ во присуство на американската потпретседателка Камала Харис," соопшти Белата куќа. Се разговарало и за претстојните разговори во египетскиот главен град Каиро и отстранување на  преостанатите пречки за постигнување договор.

Пред неколку дена, САД на Израел и Хамас им доставија  нов компромисен предлог.  Во заедничката изјава на посредниците САД, Египет и Катар по презентирањето на предлогот се вели дека тој ги премостува „преостанатите празнини“. Сепак, американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторникот вечерта без договор го заврши своето патување во Египет и Катар.  Разговорите меѓу преговарачите со Израел и Хамас за договор, кои беа прекинати во петокот минатата недела, треба да продолжат во Каиро во текот на оваа недела.

На 7 октомври, борците од Хамас и други милитантни палестински групи убија 1.200 луѓе во голем терористички напад врз Израел и киднапираа уште 251 како заложници кои ги пренесоа во Појасот Газа. Израел презема масивни воени акции во Појасот Газа од 7 октомври. Според Министерството за здравство под контрола на Хамас, чии наводи не може да се потврдат независно, досега во Појасот Газа се убиени повеќе од 40.200 луѓе.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми