1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаГлобално

Бајден и „Букурешт 9“ на средба во Варшава

ЕМФ | дпа
22 февруари 2023

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Варшава има средба со претставниците на државите кои се дел од т.н. „Букурешт 9“-формат.

Полска Џо Бајден Варшава
Американскиот претседател Џо Бајден во Варшава, 21.02.2023Фотографија: Czarek Sokolowski/AP/picture alliance

Два дена пред годишнината од почетокот на руската инвазија на Украина, во Варшава ќе се сретнат американскиот претседател Џо Бајден и претставниците на државите од источното крило на НАТО, или т.н. „Букурешт 9“-формат. Дел од форматот се Полска, Романија, Бугарија, Унгарија, Чешка, Словачка, Естонија, Литванија и Летонија. На разговорите во Варшава ќе присуствува и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Американскиот претседател Бајден во говор во Варшава вчера (21.02) ја предупреди Русија да не се осмелува да го нападне НАТО и го нагласи заедништвото на одбранбената алијанса. „Секоја членка на НАТО знае, а знае и Русија: напад против еден е напад против сите. Света заклетва е да ја браниме секоја педа од територијата на НАТО“, рече американскиот претседател.

Бајден ја предупреди Русија да не се осмелува да го нападне НАТОФотографија: Michal Dyjuk/AP/picture alliance

Тој нагласи и дека нема да се разниша поддршката за Украина: „НАТО нема да се подели и нема да се умориме“, потенцираше Бајден, кој најави и нови санкции против Русија.

Путин објави повлекување на Русија од договорот за нуклеарно разоружување „Нов Старт“Фотографија: Adrien Fillon/Zuma/IMAGO

Во говор за состојбата на нацијата вчера рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина го обвини Западот и како политичка опомена кон западните држави објави повлекување на Русија од последниот голем договор за нуклеарно разоружување „Нов Старт“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми