1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бајден од Киев: Путиновата војна пропаѓа

ЕМФ | агенции
20 февруари 2023

Посета со голема симболичка сила: американскиот претседател Џо Бајден пристигна во посета на Киев на неколку дена пред годишнината од почетокот на руската инвазија на Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден со украинскиот колега Володимир Зеленски во Киев, 20.02.2023
Американскиот претседател Џо Бајден со украинскиот колега Володимир Зеленски во Киев, 20.02.2023Фотографија: Dimitar Dillkoff/AFP

Американскиот претседател Џо Бајден пристигна во изненадувачка посета на Украина. Првата посета на Бајден на Украина по почетокот на руската инвазија на таа земја се одвиваше под најстроги безбедносни мерки. Поради тоа патувањето на американскиот претседател беше држено во тајност. 

Бајден вети 500 милиони долари во нови пратки оружје, како и „непоколеблива“ американска поддршка на првата годишнина од руската инвазија.

„Една година подоцна, Киев опстои. И Украина опстои. Демократијата опстои“, порача Бајден, говорејќи покрај украинскиот претседател Володимир Зеленски во неговата резиденција. 

Посетата на Бајден на Киев се реализира на само три дена од годишнината на почетокот на руската инвазија на Украина и поради тоа има голема симболичка сила. Таа се смета за знак на поддршка од најважниот и најмоќниот сојузник на Украина.

Посета под најстроги мерки за безбедност: Џо Бајден во Киев, 20.02.2023Фотографија: Kay Nietfeld/picture alliance/dpa

Рускиот претседател Владимир „Путин мислеше дека Украина е слаба а Западот поделен. Мислеше дека може да издржи подолго од нас.“ 
„Но, тој многу погреши. Путиновата освојувачка војна пропаѓа“, порача Бајден од Кив.  

Поддршка од 30 милијарди долари  

Според наводи на Пентагон, од почетокот на војната во Украина, САД имаат ветено и ставено на располагање воена помош за Киев во висина од речиси 30 милијарди евра. Во Киев денеска (20.02) американскиот претседател најави нов пакет воена помош во висина од половина милијарда долари, чиј дел треба да бидат и муниција и ракетни фрлачи од типот Химарс (High Mobility Artillery Rocket System). Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на средбата со Бајден се разговарало и за испорака на ракети со долг дострел.

Американскиот претседател утре и задутре треба да води разговори во полскиот главен град Варшава.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми