1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеСоединети Американски Држави

Бајден: Пандемијата е завршена

Ноткер Оберхојзер
19 септември 2022

Пандемијата на коронавирус е завршена, но сѐ уште има проблем со Ковид-19, изјави американскиот претседател Бајден.

USA Washington | Joe Biden
Фотографија: Jim LoScalzo/ZUMA Wire/IMAGO

Претседателот Џо Бајден ја прогласи пандемијата на коронавирус во САД за завршена. „Сè уште имаме проблем со короната. Сè уште работиме многу на тоа, но пандемијата е завршена“, рече американскиот претседател Џо Бајден во емисијата „60 минути“ на телевизијата Си-Би-Ес.

„Тука никој не носи маска“

Интервјуто беше снимено во четвртокот (15.09), кога Бајден го посети и автомобилскиот саем во Детроит. „Како што можете да видите, овде никој не носи маска. Се чини дека сите се во прилично добра форма, така што мислам дека ситуацијата се менува и мислам дека ова е перфектен пример за тоа“, рече американскиот претседател.

Изјавите на Бајден би можеле да предизвикаат мешаница во неговата влада. Пред само неколку недели, Владата побара од Конгресот дополнителни милијарди долари за борба против пандемијата за да може да продолжи да нуди тестови и вакцини за време на евентуалниот корона-бран наесен.

Сепак, корона-рестрикциите во САД се во голема мера укинати. И патувањата се враќаат на нивото пред пандемијата.

Американскиот претседател беше позитивен на корона во јули и беше лекуван со лекот паксловид. На крајот на август, неговата сопруга Џил се зарази со вирусот и исто така беше лекувана со тој лек.

Производство на вакцини против Ковид-19 во фармацевтската компанија Фајзер, САДФотографија: Pfizer/AP/picture alliance

Од инфекција со коронавирус секојдневно умираат 400 луѓе

Според американската здравствена агенција ЦДЦ, во САД од инфекција со коронавирус и натаму секојдневно умираат по околу 400 луѓе. Американските власти неодамна одобрија две вакцини против коронавирусот прилагодени на варијантата Омикрон. Двата препарати се таканаречени бивалентни иРНК вакцини од компаниите Бионтек/Фајзер и Модерна.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми