1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСоединети Американски Држави

Бајден планира реформа на Врховниот суд?

ЖА
17 јули 2024

Врховниот суд на САД донесе многу контроверзни одлуки - најновата во корист на Трамп, кој назначи неколку судии. Претседателот Бајден очигледно сака да го ограничи мандатот на судиите и да воведе етички кодекс.

Врховниот суд на САД
Врховниот суд на САДФотографија: Jacquelyn Martin/AP Photo/picture alliance

Според извештаите на повеќе медиуми, американскиот претседател Џо Бајден планира следната недела да достави предлог што ќе вклучува ограничувања на мандатот за судиите и воведување етички кодекс. Владата, исто така, наводно размислува да повика на уставни измени за укинување на широкиот имунитет на претседателите и другите јавни функционери. Досега, претседателот се изјаснуваше против предлозите за реформи како ограничување на мандатот или зголемување на бројот на судии. Но, некои Демократи бараат промени откако поранешниот претседател Доналд Трамп назначи тројца конзервативни судии.

Во октомври, во прилог на ограничување на мандатот на највисоките американски судии на 18 години се изјасни и надпартиска група правни експерти. Целта е да се спречи партизацијата и да се зајакне угледот на судството. Меѓутоа, сите предлози мора да бидат одобрени од Конгресот. Ова се смета за неверојатно, поради тоа што Претставничкиот дом е под контрола на Републиканците, а Демократи во Сенатот располагаат со тесно мнозинство.

Судиите досега се именуваа доживотно. Член на Врховниот суд со најдолготраен стаж е конзервативецот Кларенс Томас, кој е на функција речиси 33 години и против кого има бројни обвинувања за дела поврзани со лична корист и неетичко однесување, Трамп за време на неговиот мандат назначи тројца прилично млади судии, на денешна возраст од 52 до 59 години. Сите тие припаѓаат на строго конзервативниот табор. Ако се во добра здравствена состојба, тие би можеле да продолжат да ја обликуваат судската пракса неколку децении - и затоа значително подолго од еден претседател.

Некои од судските пресуди неодамна предизвикаа бура и остри критики во САД. Судиите, со своето конзервативно мнозинство, одлучија дека  Трамп ужива широка заштита од кривично гонење за дејствијата преземени додека беше на функцијата. Експертите зборуваат за повреда на правото и за ерозија на демократијата. Судот претходно ги отежна обвиненијата против оние кои беа вклучени во нападот на Капитол во 2021 година и го укина  децениското право на абортус.  Има и неколку други контроверзни пресуди.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми