1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Израел најавува „итно“ зголемување на помошта за Газа

ЖА
5 април 2024

Израел најави „привремена“ дозвола за влез на хуманитарна помош во Појасот Газа преку граничниот премин Ерез и пристаништето во Ашдод.

Кан Јунис, Појасот Газа
Кан Јунис, Појасот Газа - цивили чекаат хранаФотографија: Hatem Ali/AP/dpa/picture alliance

Израел сака да преземе „итни чекори“ за зголемување на хуманитарната помош за цивилите во Појасот Газа. Израелскиот воен кабинет ваква одлука донесол рано утрово, како што објавија израелските весници „Хаарец“ и „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на изјава од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Соодветно на тоа, пристаништето Ашдод и граничниот премин Ерез би биле привремено отворени, што ќе го олесни пристигнувањето на помошта до северот на Појасот Газа, кој е особено погоден од недостигот на храна. Ќе се зголемат и резервите на помош кои доаѓаат од Јордан преку граничниот премин Керем Шалом.

„Оваа зголемена помош ќе спречи хуманитарна криза и е од суштинско значење за да се обезбеди продолжување на борбите и да се постигнат целите на војната“, го цитира Хаарец израелското соопштение.

САД: Отворањето мора да биде „брзо и целосно“

Соопштението дојде веднаш по телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Џо Бајден и Нетанјаху. Според Белата куќа, во разговорот Бајден побарал од шефот на израелската влада да преземе низа „конкретни и мерливи чекори“ за да се намали страдањето на луѓето во Појасот Газа и да се зголеми  заштитата на хуманитарните работници. Идната политика на САД во однос на Газа зависи од тоа како Израел ќе ги спроведе овие мерки, предупредил Бајден. По сегашната објава на Израел, САД побараа брзо отворање на рутите. Најавените чекори сега мора „брзо и целосно да се спроведат“, истакна Адриен Вотсон, портпаролка на Советот за национална безбедност на САД.

Гнев по нападот врз хуманитарците

Според Белата куќа, Бајден во телефонскиот разговор со Нетанјаху исто така го нагласил својот повик за итен прекин на огнот, што би обезбедило подобрување на хуманитарната ситуација, што е од суштинско значење. Израел мора да постигне договор „без одлагање“ за да обезбеди враќање на заложниците киднапирани од милитантната палестинска организација Хамас. Американски кругови соопштија дека телефонскиот разговор траел помалку од 30 минути. Тоа беше прв разговор меѓу двајцата политичари по  смртта на седуммина вработени во хуманитарната организација Светска централна кујна во израелски воздушен напад. Во разговор со шефот на израелската влада, Бајден ги нарекол „неприфатливи“ нападите врз хуманитарните работници и  општата хуманитарна ситуација  на палестинската територија, како што објави Белата куќа. Бајден досега постојано го поддржуваше Израел во војната против радикалниот исламистички Хамас, вклучително и со испорака на оружје. Сепак, американскиот претседател од неодамна е сè повеќе критичен во однос на израелското водење на војната во поглед на хуманитарната вонредна состојба во Појасот Газа. Според штабот на американската влада, Бајден и Нетанјаху разговарале и за заканата за Израел од Иран.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми