1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Balkan Booster во време на корона

4 јуни 2020

Како Балканот пулсира во корона-пандемија? Еве како учесниците во проектот Balkan Booster го документираат времето на карантини и социјална изолација:

Balkan Booster Karikatur Corona-Tanz auf dem Balkan
Фотографија: Bela Macka

Младите од Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина немаат многу избор кога станува збор за летниот одмор годинава. Принудени се да останат во своите држави. Сепак, имаат неколку совети за нас #dw_BalkanBooster

Летување дома, овојпат со препораки од Србија и Црна Гора, но и од Грција, каде многумина од Балканот ова лето не можат да заминат. Еве ја Грција, барем на видео #dw_BalkanBooster

Велосипедите се барани како никогаш досега! Купувачите во Европа ги бараат толку, што производителите понекогаш не можат да стигнат да го испорачаат бараното количество. Корона-пандемијата ја зголеми продажбата на велосипеди и во Скопје. Дали сте за една тура со Emilija Petreska и #dw_BalkanBooster?

Посетеноста во втората половина на јули е мелем на рана за охридскиот туризам годинава. Ќе се задржи ли таквата посетеност? Ќе биде ли тоа доволно за добар економски биланс во година на пандемија на корона? #dw_BalkanBooster пред десетина дена разговараше со неколкумина охридски бизнисмени од различни бранши. Заедничка за сите е - неизвесноста.

Дали младите во Грција, Бугарија и Црна Гора се придржуваат до мерките за сузбивање на коронавирусот и на кој начин го прават тоа? На некои им помагаат лути пиперки... 

Пандемијата на коронавирусот за многу млади луѓе значеше и губење на работното место. Некои не очајуваат и веднаш се преориентираа. Такви се и две девојки од Романија и Србија. Погледнете ја нивната приказна.

Парламентарни избори да или не, и ако да - кога? Кој има полза од вонредна состојба во време на пандемија, кому корона-кризата му е вода на политичката воденица? Секоја партија има свој став и одговор на овие прашања. На тема политика и пандемија свое видување испрати и „Бела мачка“, македонски учесник во проектот #dw_BalkanBooster:

Фотографија: Bela Macka

Што би оставиле во музеј кој би бил посветен на пандемијата на коронавирусот? Некои од учесниците во нашиот проект #dw_BalkanBooster би си ги оставиле панталоните кои веќе не им се точни, други пак би изградиле статуа за сите кои шират паника.

Европа ита кон отворање на границите, на тоа особено притискаат земјите кои живеат од туризмот. Германската влада сака да го отвори патот за летен одмор во Европа навреме. Доколку ситуацијата со пандемијата на коронавирус тоа го дозволува, според досегашните најави, од 15 јуни би требало да се укинат рестрикциите за патување во 31 европски земји. Туристичките работници ги поздравуваат ваквите планови, здруженијата за заштита на потрошувачите бараат безбедност и јасност за туристите. Еве како на темата патување во време на корона гледа македонскиот учесник во проектот #dw_BalkanBooster, „Бела мачка“:

Фотографија: Bela Macka

Бајрам годинава е поинаков, со правила за дистанца поради пандемијата на коронавирус. Се почитуваа ли? Погледнете како тоа изгледаше во Тирана и Сараево

Теории на заговор? Сигурно сте слушнале барем една поврзана со коронавирусот. Какви се’ теории на заговор кружат на Балканот? Еве што известуваат учесниците во нашиот проект #dw_BalkanBooster од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Грција.

А, еве го погледот врз теориите на заговор поврзани со короната на „Бела мачка“:

 

Дали можеби во време на пандемија имате малку повеќе време за читање? Учесниците во #dw_BalkanBooster велат дека сега можат повеќе да се посветат на своите омилени автори, некои дури и ги препрочитуваат омилените книги. Еве неколку препораки за книги кои, според нив, треба да се прочитаат:

Рестрикциите воведени поради пандемијата на коронавирус се олабавуваат во сите земји на Балканот. Како по повеќенеделна изолација изгледа во Албанија, Грција, Босна и Херцеговина и Хрватска, погледнете во #dw_BalkanBooster видеото со снимки од едно пристаниште, шеталиште и солариум.

Повеќето деца Роми на Балканот не можат да следат онлајн настава. Тие немаат пристап до интернет, ниту таблети или смартфони преку кои би можеле да учат. Како живеат Ромите во вонредни услови во време на пандемија, се распрашавме во Албанија и Црна Гора.

Како изгледа ифтарот во време на корона, кога се забранети собири и молитви во џамиите? Ламија од Сараево ни покажа како тоа изгледа во куќата на нејзините родители, а Тарик се изначека во редот за сомуни. #dw_BalkanBooster

Во време на пандемија на коронавирус, сведоци сме на голема солидарност меѓу припадниците на различни генерации. Погледнете како Ивана, Еуген и Јелена помагаат во својата заедница. #dw_BalkanBooster

Како квалитетно да се поминува слободното време во изолација? Идеите на дел од учесниците во #dw_BalkanBooster се инспиративни:

Велигден во изолација, па дури и со полициски час - така празникот годинава се прославува на Балканот. Нема големи семејни собири, честитање кај роднините и пријателите... Учесниците во проектот #dw_BalkanBooster ни јавија како изгледа во БиХ, Бугарија, Србија и Црна Гора.

Овогодишните велигденски празници многумина поради пандемијата и мерките за изолација ќе ги поминат дома и со видео-разговори. Дел од досегашните учесници во проектот на ДВ #dw_BalkanBooster ни јавија како тие го слават празникот годинава:

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми