1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ФудбалГерманија

Балканот и ЕУРО 2024: Секој тужи секого

Немања Рујевиќ | СН/ печат
21 јуни 2024

Заканата на Србија за повлекување од Европското првенство поради антисрпско скандирање на албанските и хрватските навивачи доби повеќе простор во германските медиуми отколку мечот меѓу Србија и Словенија.

Турканица пред голот на Словенија, која најдобро ја искористи српскиот напаѓач Лука Јовиќ, постигнувајќи изедначувачки гол во последните секунди од натпреварот
Турканица пред голот на Словенија, која најдобро ја искористи српскиот напаѓач Лука Јовиќ, постигнувајќи изедначувачки гол во последните секунди од натпреваротФотографија: Daniel Karmann/dpa/picture alliance

Последната сцена од натпреварот, турканица во шеснаесетникот на Словенија и голот на Јовиќ за 1:1, кој ја остава Србија со надеж за поминување... вака го почнува извештајот од натпреварот најголемиот германски таблоид Билд.

„Експлозија на славење на српските навивачи, кои претходно фрустрирано на теренот фрлаа  чаши за пиво“, пишува весникот.

Патем, кој ги собрал тие пластични чаши со логото на ЕП, добро поминал бидејќи кауцијата за една чини три евра.

Билд оценува дека Словенците биле подобри во добар дел од играта, но дека Србија имала свои шанси. „Пред голот на Јовиќ, Митровиќ со една реализизација од четирите шанси можеше сам да го реши натпреварот. Словенечкиот херој Карничник (стрелец на голот) одби еден од ударите на Митровиќ кон пречката.“

Србија се повлекува од турнирот?

Таблоидот пишува дека мечот „останал во сенка“ поради можното повлекување на Србите од турнирот, бидејќи Србија побарала од УЕФА да ги казни Албанија и Хрватска. „Поддржувачите на двата тима наводно извикувале 'Убиј го Србинот' за време на натпреварот во средата (2:2)“, потсетува Билд.

Пластични чаши за пиво завршија на теренот на Алијанц Арена во МинхенФотографија: Sven Hoppe/dpa/picture alliance

Меѓутоа, други медиуми јавуваат дека се работи за празна закана за генералниот секретар на Српската федерација, Јован Шурбатовиќ. Агенцијата ДПА наведува дека Шурбатовиќ набрзо изјавил дека ова е негова прва реакција и дека не размислува сериозно да се повлече од турнирот.

Но, првичната изјава на Шурбатовиќ беше пенесена практично во сите германски медиуми, а многумина не обрнаа внимание на демантот.

„Немаме никакви проблеми едни со други“

За разлика од овие слики и приказни, Баварската радио-телевизија (БР) известува за мирната и пријателска атмосфера во Минхен пред средбата меѓу Србија и Словенија.

„Расположението меѓу навивачите остана мирно иако со часови се точеше пиво. Србите пееја народни песни, понекогаш се слушаа политички пароли како 'Косово е Србија'“, пишува репортерот од Минхен.

Навивачите, вели тој, не обрнуваат внимание на фактот оти војната во Словенија го започна распадот на Југославија. „Ние немаме никакви проблеми едни со други“, му рекоа на новинарот.

Еден Србин додал: „Србите ги сакаат сите луѓе. Ние сме само малку различни карактери, малку погласни“. Се додава дека Србите во Минхен се една од најголемите групи странци - околу 15.000 живеат во главниот град на Баварија. Србија во вторник вечер повторно во Минхен ќе го одигра решавачкиот натпревар против Данска.

ЕУРО 2024: Колкава закана се хулиганите?

01:33

This browser does not support the video element.

Кој кого тужеше?

Додека известуваат за националистички испади на навивачите на балканските репрезентации,  медиуми во Германија јавуваат за нова рунда меѓусебни тужби пред УЕФА на балканските фудбалски федерации.

Освен српската жалба против Албанците и Хрватите, косовската федерација повторно се пожали на Србите, а македонската за навредата на Македонците иницирана од албански фудбалер на мегафон.

„УЕФА ги казни фудбалските сојузи на Албанија и на Србија поради 'провокативни' пораки од навивачите со парични казни од по десет илјади евра“, пренесува порталот на неделникот Цајт како поминале федерациите по првото коло.

Иако УЕФА не соопшти детали, претходно се пишуваше дека Албанците се казнети за одредени знамиња на „Голема Албанија“, а Србите за знамињата со контура на Косово и натпис „Нема откажување“.

Српската и албанската федерација платија вкупно повисоки казни, а останатото е поради фрлање предмети на теренот, а кај Албанците и пиротехника и упад на поединци на теренот.

Спортскиот магазин Кикер потсетува и дека УЕФА му ја одзеде акредитацијата на косовскиот новинар Арлинд Садику кој додека зборуваше пред трибината со српските навивачи гестикулираше кон нив со симболот на двоглавиот орел.

„Тоа е опасен преседан“, изјави Садику за швајцарскиот весник Блик. „Не навредив ниту провоцирав никого. Едноставно сум горд на симболот кој нѐ претставува“.

Навивачите на Албанија на натпреварот против Хрватска (2:2)Фотографија: Nderim Kaceli/picture alliance/ipa-agency

Садику потоа се појави на трибините на натпреварот меѓу Албанија и Хрватска во средата и повторно покажуваше двоглав орел.

Албанија-Хрватска: „Низ пеколот и назад“

Медиумите се навраќаат и на тој натпревар, иако најчесто со скудни извештаи. Јавниот сервис ЗДФ пишува дека Албанија ја „осрамотила“ Хрватска.

Тогаш доцниот гол за 2:2 го постигна Клаус Џасула, кој претходно постигна трагикомичен автогол.

Зиддојче цајтунг пишува дека Џасула бил внесен во 72 минута со идеја да ја смири играта со Албанците во водство и да не привлече внимание - но испаднало обратно. Овој играч важи за најостриот во историјата на Бундеслигата, што се однесува до жолтите и црвените картони. Интересно е што веќе еднаш му се случи во германската лига на ист натпревар да постигне гол и автогол. Насловот на тој текст за Џасула гласеше: „Низ пеколот и назад“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми