1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиБангладеш

Бангладеш: Идниот премиер Јунус со апел за смиреност

СН/агенции
7 август 2024

Нобеловецот Мухамед Јунус ги повика Бангладешците „да се подготват за изградба на земјата“ додека тој се подготвува да застане на чело на привремена влада. Јунус беше во конфликт со соборената екс-премиерка Шеик Хасина.

Јунус е познат по неговата употреба на микрофинансирање за да им помогне на сиромашните заедници во Бангладеш
Јунус е познат по неговата употреба на микрофинансирање за да им помогне на сиромашните заедници во БангладешФотографија: Raphael Lafargue/abaca/picture alliance

Мухамед Јунус во средата објави изјава со обраќање до народот на Бангладеш додека тој се подготвува да стане привремен премиер на земјата.

„Одлучно апелирам до сите да останат смирени. Ве молиме воздржете се од секаков вид насилство“, рече нобеловецот и пионер за микрофинансирањето.

„Бидете мирни и подгответе се да ја изградите земјата. Ако тргнеме по патот на насилството сè ќе биде уништено“, додаде Јунис, пораќувајќи: 

„Им честитам на храбрите студенти кои го презедоа водството во овозможувањето на нашиот Втор Ден на победата и на луѓето кои им пружија целосна поддршка“, додаде тој.

На чело на масовните протести во Бангладеш беа студентитеФотографија: Piyas Biswas/SOPA Images/Sipa USA/picture alliance

Заклетвата на Јунус се очекува во четврток

Јунус (84) се очекува да се врати во главниот град Дака од Европа во четврток, откако одговори на повикот на студентите демонстранти да ја предводи преодната влада на Бангладеш.

Војската соопшти дека тој ќе положи заклетва како привремен премиер во четврток.

Јунус „е многу желен да го стори тоа“, рече првиот човек на армијата Вакер-Уз-Заман. „Сигурен сум дека тој ќе може да не поведе низ убав демократски процес и дека ќе имаме корист од тоа“.

Бангладеш е без раководство откако неговата се поавторитаристичка премиерка Шеик Хасина поднесе оставка и побегна во Индија во понеделникот.

Хасина поднесе оставка по неколкунеделните насилни протести против нејзиното владеење, особено, системот на квоти за владини работни места што им беше од корист на елитите во земјата.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми