1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиБангладеш

Бангладеш во исчекување на преодна влада

СН/агенции
6 август 2024

Откако премиерката на Бангладеш, Хасина ја напушти функцијата и избега во странство, народните избраници исто така мора да бидат реизбрани. Протестното движење јасно става до знаење кој треба да ја води државата дотогаш.

Поддржувачите на протестното движење ја опколија зградата на парламентот во Дака во понеделникот
Поддржувачите на протестното движење ја опколија зградата на парламентот во Дака во понеделникотФотографија: MUNIR UZ ZAMAN/AFP/Getty Images

Претседателот на Бангладеш во вторникот (6 август, 2024)  го распушти парламентот, отворајќи го патот за формирање на привремена влада еден ден откако премиерката Шеик Хасина поднесе оставка и избега од земјата.

Кабинетот на претседателот Мохамед Шахабудин објави дека ривалот на Хасина, лидерот на Бангладешката националистичка партија (БНП) Бегум Халеда Зија , поранешен премиер, е ослободен од домашен притвор.

Студентите кои протестираат се заканија со нови протести доколку не се распушти парламентот. Одлуката е донесена по средбата со лидерите на одбранбените сили, политичките партии, студентските лидери и претставници на граѓанското општество, се наведува во соопштението.

Екс-премиерката во бегство Шеик ХасинаФотографија: Munir uz Zaman/AFP/Getty Images

Заминувањето на Хасина во понеделникот го означи крајот на нејзините 15 години на власт. Во последните 30 години, таа владееше со Бангладеш вкупно дваесет години, наследувајќи го политичкото движење на нејзиниот татко, основачот на Бангладеш Муџубур Рахман , кој беше убиен во 1975 година.

Началникот на армијата на Бангладеш Вакер-Уз-Заман ќе се сретне со студентските лидери за да разговараат за формирање привремена влада која ќе одржи избори наскоро откако тој ќе ја преземе власта.

Заман во понеделникот ја објави оставката на Хасина. Таа ја напушти земјата и сега е во безбедна куќа во близина на Њу Делхи.

За време на протестите имаше насилни судири меѓу демонстрантите и безбедносните силиФотографија: Munir uz Zaman/AFP/Getty Images

Во меѓувреме, протестното движење јасно стави до знаење дека бара преодна влада предводена од добитникот на Нобеловата награда за мир Мухамед Јунус. Секоја друга сугестија нема да биде прифатена, вели Нахид Ислам, еден од главните организатори на студентското движење, во видеото објавено на Фејсбук. Ислам објасни дека веќе имало разговори со Јунус, кој се согласил да преземе одговорност. Се уште нема потврда од самиот Јунус.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми