1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСоединети Американски Држави

Бара 500 милиони долари: Трамп го тужи својот екс-адвокат

СН/агенции
13 април 2023

Тој важеше за „чистач“ на Доналд Трамп а во меѓувреме е клучен сведок во судскиот процес против екс-претседателот на САД. Сега Трамп го тужи својот поранешен адвокат Мајкл Коен и бара половина милијарда долари од него.

Поренешниот претседател на САД Доналд Трамп на 4 април 2023 во судот во Менхетен
Поренешниот претседател на САД Доналд Трамп на 4 април 2023 во судот во Менхетен Фотографија: Mary Altaffer/AP Photo/picture alliance

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го тужи својот поранешен адвокат Мајкл Коен за повеќе од 500 милиони долари, со обвинение за прекршување на односот меѓу адвокат и клиент, неоправдано збогатување и уште многу други работи.

Адвокатскиот тим на Трамп во средата поднесе федерална тужба на повеќе од 30 страници до Окружниот суд на САД за јужниот округ на Флорида. Во тужбата се наведува дека Коен го прекршил односот меѓу адвокат и клиент со „ширење невистини“ за Трамп кои „најверојатно биле засрамувачки или штетни и учествувал во други недолично однесувања“, а исто така, ги прекршил условите на договорот за доверливост што го потпишал за вработување кај Трамп.

Во тужбата уште се наведува и дека Коен шири невистини за Трамп „со зли намери и целосно себични цели“.

Мајкл Коен, важеше за „чистач“ на ТрампФотографија: Siegfried Anthony/STAR MAX/picture alliance

Доналд Трамп ја поднесе тужбата откако Коен сведочеше пред  Големата порота на Менхетен. Инаку, Големата порота го обвини Трамп за 34 дела за фалсификување на деловни документи.

Ројтерс наведува дека Коен бил подготвен да се појави како главен сведок во секое можно судење во случајот кој се однесува за тајни плаќања на ѕвездата на филмови за возрасни Сторми Даниелс. Даниелс тврдеше дека имала вонбрачна врска со Трамп.

Извор близок до правниот тим на Трамп вели дека тужбата против Мајкл Коен „нема никаква врска со незаконскиот и без факти случај на обвинителството на Менхетен и оти тоа е сосема посебна работа“.

Трамп, кој бара поддршка во Републиканската партија за претседателската номинација во 2024 година, на 4 април на судското рочиште во Менхетен се изјасни дека не е виновен.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми