1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиСирија

Бебе родено под урнатините во Сирија

БГ /дпа
8 февруари 2023

Аја е родена под урнатините на зграда во Јиндирес, Сирија. Во земјотресот загинаа нејзината мајка, татко и четирите браќа и сестри. Папочната врска ја пресекол сосед кој успеал да ја извлече од урнатините.

Алепо Земјотрес Сирија Бебе
Спасувач ја изнесува Аја од урнатините на нејзиниот дом во регионот на АлепоФотографија: BAKR ALKASEM/AFP

Аја, или „бебето чудо“ како што ја нарекоа, беше спасена откако се роди под урнатините на својот дом во градот контролиран од бунтовниците во северна Сирија, и сега е добро, вели нејзиниот доктор.

Името и го даде персоналот во болницата, затоа што Аја е единствениот преживеан член на семејството кое загина во разорниот земјотрес кој погоди делови од Турција и Сирија. Во земјотресот загинаа нејзината мајка, татко и четирите сестри и браќа, а беше уништена и нивната куќа на четири спрата.

Снимките од нејзиното извлекување, кое го изведоа соседите, станаа вирални ширум светот. 

Повредена, но стабилна  

„Сега е стабилна, но има неколку скршени ребра, но тие ќе заздрават“, изјави докторот Хани Маруф за агенцијата ДПА додека го сместуваше својот најмлад пациент во инкубатор во болницата во Африн. 

Моментот кога спасувачите ја извлекуваат малата АјаФотографија: BAKR ALKASEM/AFP

Аја беше родена под урнатините и еден од соседите-спасувачи ја пресекол папочната врвца со нож и ја извлекол.
„Во болницата ја доведе сосед на семејството“, вели Маруф. Состојбата на бебето била многу лоша, затоа што имала модринки и исеченици по целото тело кое било прекриено со прашина.

„Доколку не ја најдеа на време, бебето ќе умреше за еден час“, вели Маруф. Сега нејзината состојбата е многу подобра, додава тој.

Семејството на Аја биле бегалци од источна Сирија. 

Погледнете го видеото со спасеното бебе: 

Аја, „бебето чудо“ родено под урнатините во Сирија

01:01

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми