1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Беџети: Патиме од цинични политичари

БГ /МИА
2 септември 2022

За 30 години не остваривме стапка на раст повисока од 2,2 отсто, рече академик Абдулменаф Беџети на дебата организирана од Народната банка, укажувајќи на нискиот животен стандард во земјата.

Академик Абдулменаф Беџети
Академик Абдулменаф БеџетиФотографија: Sveto Toevski

Продуктивноста и брутодомашниот производ во Северна Македонија и по 30 години независност се под 40 отсто од оној на ЕУ, а институциите немаат капацитет да се справат со проблемите, порача на панел на Народната банка во петокот, академик Абдулменаф Беџети.

„Кој ни е капацитетот на продуктивност? Кое ни е нивото на животниот стандард мерен преку БДП во однос нас ЕУ? Тоа е се уште под 40 отсто. Ептен сме далеку. Факт е дека за 30 години не остваривме повисока стапка на раст во просек повеќе од 2,2 отсто“, рече Беџети на панелот „Мерливоста на вредностите: економски визури“.
За таквите состојби тој го впери прстот кон политичарите. 

„Патиме од цинични политичари кои не прашуваат, а дека не знаат, тоа е докажано“. 

Ниска продуктивност  

Според него, актуелната инфлаторна, како и енергетската криза претставуваат сериозен упад во актуелниот, критичен период, а без структурни реформи, не може да се креираат дневни политики. Дополнително, институциите немаат капацитет. 

„Монетарните политики треба да се гледаат на долг рок. Никој не може да го оспори фактот, ниту еден нормален економист, освен ако не е популист, дека макроекономската стабилност не е цел за себе, туку е цел за економијата, за стандардот на граѓаните и стопанството“, рече Беџети.

Гувернерката на Народна Банка, Анита Ангеловска-Бежоска, оцени дека продуктивноста во Македонија веќе подолг период стагнира на ниско ниво од само 40 проценти од германската продуктивност.

„Добро е што солиден придонес кон растот имаа инвестициите, со оглед на фактот дека обемот на  капитал кај нас изнесува само 43 проценти од европскиот капитал, но сепак, мало е учеството на вложување во иновативен капитал, односно во иновативни технологии. Позитивен придонес кон растот во изминатата декада имаше и човечкиот капитал, но главно како резултат на квантитетот, а не квалитетот на трудот“, рече Ангеловска-Бежоска.  

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми