1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бегство од Скопје

02:34

This browser does not support the video element.

Емилија Петреска
15 август 2023

Бегство од град во планина – Соња и Владимир го заменија брзиот живот и загаденото Скопје со мирно секојдневие во прекрасна природа. Во својата планинска куќа во Маврово, која е и хостел, нѐ пречекаа со отворена врата и срце. Што ги натерало да му завртат грб на градот? #dw_BalkanBooster

Владимир и Соња го заменија градот со планина. Љубовта кон природата и мирниот живот биле пресудни. Од Скопје, тие создадоа нов дом во Маврово, каде водат хостел.

„Баш беше буквално бегање од градот. Целата загаденост и целата динамика почна да влијае на мене, на моето здравје, на моето однесување„, раскажува Соња Манчевска.

Владимир Ѓорѓиоски додава:

„Поголемиот дел од домот сами го изградивме. Сфативме дека ако си работиме за нас дека тоа е една инвестиција за наша подобра иднина“.

Убавините на пределот се добар предуслов за бавење со туризам. Соња е етнолог-антрополог и потекнува од овие краишта. Нејзините рачни изработки го красат хостелот во етно стил. 

Владимир, пак, родум од Скопје, организира туристички тури. Но, овој животел стил носи и предизвици. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми