1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Белата куќа најави средба на Трамп и Ши

Тагесшау | ЕМФ
24 октомври 2025

Белата куќа најави средба меѓу американскиот претседател Трамп и кинескиот претседател Ши Џинпинг. Трамп очекува трговски договор. Непостигнување на таков договор би можело да има сериозни економски последици.

Фото-комбинација од Доналд Трамп и Ши Џинпинг
Белата куќа најави средба на Трамп и Ши - од Пекинг засега нема потврда на средбата Фотографија: Jim Watson/Peter Klaunzer/AFP/Getty Images

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со кинескиот претседател Ши Џинпинг во Јужна Кореја следниот четврток, соопшти Белата куќа. Трамп ќе има билатерален состанок со Ши пред да се врати во Вашингтон, изјави неговата портпаролка Каролин Левит. Од Пекинг засега нема потврда на средбата меѓу Ши и Трамп.

Пред да отпатува за Јужна Кореја, Трамп ќе престојува во Малезија и Јапонија. Претходно беше објавено дека Трамп и Ши ќе се сретнат на маргините на економскиот самит АПЕК, кој започнува на 31 октомври, но досега немаше јавно објавен датум.

Американскиот претседател неодамна потворно најави состанок со Ши и навести можност за трговски договор. „Мислам дека ќе постигнеме договор“, им рече тој на новинарите во Белата куќа. Американскиот претседател исто така нагласи дека ако не се постигне договор, на 1 ноември ќе бидат воведени дополнителни 100 проценти царини за увоз од Кина.

Само до пред неколку недели, Трамп го доведуваше во прашање состанокот со Ши. Фронтовите се заострија откако Трамп се налути поради тоа што Кина објави ограничувања за извоз на ретки метали и други материјали.

Потоа САД ги ставија во игра дополнителните царини од 100 проценти за увоз на кинески производи. Пекинг реагираше со обвинување на сметка на САД за „двоен морал“ и се закани со контрамерки. Во последно време, тонот на Трамп кон Кина повторно омекна.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми