1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаБелорусија

Белорусија воведе смртна казна за велепредавство

Франциска Вист
10 март 2023

Новиот закон, потпишан од властодржецот Александар Лукашенко, би требало да осигура лојалност на државните службеници и воениот апарат.

Белорусија затвор во Минск
Затворот број 8 во Минск е наменет за затвореници кои издржуваат доживотна казна затворФотографија: Zuma Press/IMAGO

Белорускиот властодржец Александар Лукашенко потпиша закон со кој се воведува смртна казна за државни службеници и воен персонал. Казната во иднина ќе важи за лицата кои ќе бидат прогласени за виновни за велепредавство, со што на националната безбедност на Белорусија ѝ нанесле „непоправлива штета“. Толкувањето на ова е оставено на судовите.

Се заоструваат и казните за обичните граѓани. Со затвор во иднина ќе се казнува за „терористичка пропаганда“, „понижување на воените сили“, како и „повреда на прописите за заштита на државна тајна“. Слични репресивни параграфи усвои и Русија по почетокот на инвазијата на Украина.

Белорусија е последна европска земја во којашто сѐ уште се спроведува смртна казна. Смртните казни се спроведуваат со стрелање.

„Заплашување на населението“

Законот доаѓа по нападот на 26 февруари врз руски воен авион во близина на главниот град на Белорусија од страна на белоруски герилци. Лукашенко претходно оваа недела објави дека главниот осомничен, Украинец, како и 20 негови наводни соучесници се уапсени.

Александар Лукашенко се смета за зависен од шефот на Кремљ, Владимир ПутинФотографија: Sergei Karpukhin/ITAR-TASS/IMAGO

Политичкиот аналитичар Валери Карбалевич за Асошиетед прес оцени дека промената на законот доаѓа во време на растечко незадоволство кај народот од режимот: „Властите се принудени да ги затегнат шрафовите и да ја заострат репресијата за да ја задржат контролата врз ситуацијата во Белорусија.“

Најважниот сосед на Русија

Лукашенко е на власт во Белорусија речиси три децении. ЕУ не го признава за официјален шеф на државата од изборите во 2020 година, кои беа обележани со бројни скандали со манипулации. По ова, во земјата имаше масовни протести на граѓани, кои со руска поддршка беа насилно задушени, а 35.000 луѓе беа уапсени.

Белоруската полиција блокира улица за време на митинг против претседателските избори во октомври 2020 годинаФотографија: AP Photo/picture alliance

Лукашенко се смета за зависен од шефот на Кремљ, Владимир Путин. Русија ја искористи белоруската територија за инвазијата на Украина пред една година и продолжува да чува војници и оружје на територијата на својот сосед.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми