1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоГерманија

Бербок: Израел да ги почитува привремените наредби од судот

ЕМФ / дпа
27 јануари 2024

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изрази поддршка за привремено наложените мерки на Меѓународниот суд на правдата против Израел.

Германија Аналена Бербок министерка за надворешни работи
Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок на маргините на своето повеќедневно патување во Источна Африка, изрази поддршка за привремено наложените мерки од Меѓународниот суд на правдата против ИзраелФотографија: Michael Kappeler/dpa/picture alliance

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок на маргините на своето повеќедневно патување во Источна Африка, изрази поддршка за привремено наложените мерки од Меѓународниот суд на правдата против Израел. Тие се меѓународноправно обврзувачки и Израел мора да се придржува до нив за време на својата воена операција во Појасот Газа, соопшти Бербок.

Судот вчера (26.01) оцени дека постои ризик од геноцид во Појасот Газа, но не го обврза Израел да ја прекине воената операција против исламистичкиот Хамас. Највисокиот суд на Обединетите нации во Хаг му нареди на Израел да обезбеди поголема заштита за Палестинците за да спречи геноцид.

Судиите во Хаг само делумно го одобрија итното барање од Јужноафриканската РепубликаФотографија: Patrick Post/AP/dpa/picture alliance

Шефицата на германската дипломатија Бербок во своето соопштение објаснува: „Судот, исто така, јасно стави до знаење дека акциите на Израел во Газа следат по варварскиот терор од 7-ми октомврии потсети дека Хамас исто така е обврзан со меѓународното хуманитарно право и мора конечно да ги ослободи сите заложници. Тоа ќе го поддржиме со сета сила, исто како и мерките за Израел итно да се дозволи поголема хуманитарна помош во Газа“.

Судиите во Хаг само делумно го одобрија итното барање од Јужноафриканската Република, која побара итен прекин на воените дејствија од страна на Израел поради кршење на Конвенцијата за заштита од геноцид и казнување за геноцид. Ова е прва одлука во постапката за геноцид. Главната постапка во судот може да трае со години.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми