1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бербок: Не смееме да ги изневериме Македонките и Македонците

БГ
23 март 2023

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок пред пристигнувањето во Скопје порача дека очекува широка поддршка во парламентот за уставните измени и тргање настрана на партиските интереси.

Аналена Бербок
Германската министерка за надворешни работи Аналена БербокФотографија: Thomas Trutschel/photothek/picture alliance

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок очекува да се тргнат настрана партиските калкулации при одлучувањето за уставните измени во Северна Македонија. 

Бербок денеска ќе допатува во Скопје на средби со државниот врв и опозицијата во обид да им даде поттик на уставните измени со кои Бугарите и другите заедници треба да бидат вметнати во Уставот.

„Местото на Северна Македонија е во ЕУ, исто како и на нашите останати партнери од западниот Балкан. Дека навистина го мислиме тоа, покажавме најдоцна со официјалниот почеток на пристапните преговори со ЕУ во јули 2022 година“, порача Бербок пред полетувањето за Скопје. 

Опасност и шанса 

Таа вели дека не смеат да се изневерат очекувањата на големото мнозинство граѓани во земјата.

„Големите надежи и очекувања, кои луѓето во Северна Македонија ги имаат за пристапниот процес, за нас се шанса и опасност истовремено: Опасност, затоа што би можеле да ги загубиме Македонките и Македонците за Европа, доколку како ЕУ ги изневериме нивните очекувања и покрај сиот напредок и болните отстапки кои ги направија во изминатите 17 години. Шанса, затоа што на сите учесници во процесот на проширување на ЕУ им е јасно за што всушност се работи: за иднина во европското семејство, за регион со стабилна добросостојба и мир, за самоопределување.“ 

Од германското МНР, пред посетата, оценија дека Северна Македонија е „клучна земја“ за процесот на проширување на ЕУ, посочувајќи дека главната цел на посетата на Бербок е откочување на процесот на уставни измени. Тоа го најавува и Бербок во изјавата.

Без политички калкулации 

„Можам добро да сфатам дека во моментов сите прашања за сопствениот идентитет, за сопствената историја, јазик и култура се дискутираат во Северна Македонија со срце и страст, тоа ни кај нас не е различно и е природно при важни прашања како промена на Устав.

Но искуството покажува: во вакви ситуации се исплаќа да се тргнат настрана партиско-политичките калкулации, да се водите од јасна цел и во таа насока одлучно да се борите. 

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер за време на посетата на Скопје во ноември 2022Фотографија: Bernd von Jutrczenka/dpa/picture alliance

Широката поддршка во парламентот на Северна Македонија за промена на Уставот ќе испрати сигнал не само во самата земја, туку и подалеку во целиот регион: ние апсолутно сакаме да влеземе во ЕУ и правиме сѐ што е неопходно од наша страна“, изјави шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок пред посетата на Скопје. 

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер ја посети Северна Македонија во ноември 2022 година, во рамките на одбележувањето на 30-годишнина од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји. Во јуни минатата година, во еднодневна посета на земјата беше и канцеларот Олаф Шолц. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми