1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаГлобално

Бербок пледира за трансатлантски однос „на еднакво рамниште“

Улрике Кваст
3 август 2022

Германската министерка за надворешни работи Аналеа Бербок се заложи за јакнење на трансатлантскиот сојуз. Рускиот напад на Украина „ни даде многу брутални лекции“, изјави таа во Њујорк.

Annalena Baerbock in den USA
Фотографија: Britta Pedersen/dpa/picture alliance

САД и нивните сојузници сега мора да изградат „партнерство во лидерството“ за да ја одбранат својата безбедност, демократскиот општествен систем и светскиот поредок заснован на правила, рече германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во говор пред студентите во универзитетот New School во Њујорк. За да го остварат тоа, Германија и Европејците ќе мора да се збогуваат со сигурноста и извесноста што ги сакаат и да ги преуредат своите безбедносни политики.

Терминот „партнерство во лидерство“, по кој посегнува Бербок, е термин што го користеше поранешниот американски претседател Џорџ Буш. Тој своевремено такво партнерство ѝ понуди на обединета Германија.

Подготовка „за секаква евентуалност“

Европејците ќе мора да ги зајакнат своите стратешки способности „за со САД да бидат на еднакво рамниште“, рече Бербок. Таа, со оглед на војната во Украина, нагласи дека врските помеѓу Европа и Северна Америка „денес се можеби поблиски отколку кога било од крајот на Студената војна“. Рускиот напад „ни даде многу брутални лекции“, рече министерката. „Сега живееме во свет каде што треба да се подготвиме за секаква евентуалност.“

Бербок предупреди: „Сега, кога нашата безбедност и нашата слобода се загрозени како што не биле со децении, мораме да ги збиеме трансатлантските редови“. Целта мора да биде изградба на посилно, неповратно трансатлантско партнерство за 21 век, оцени Бербок. За Германија и Европејците тоа значи зајакнување на нивните воени капацитети, рече германската министерка. Затоа Германија веќе иницираше промена на курсот - на пример со преориентација на својата безбедносна политика и зголемување на воените трошоци.

„Промена преку трговија“ веќе не е опција за Бербок

Освен тоа, Германија се откажа од своето „долго негувано верување во концептот на 'промена преку трговија' - т.е. идејата дека трговските и економските односи можат да ги придвижат автократските режими кон демократија.“

- повеќе: НАТО и новата Железна завеса

„Руската брутална војна тоа јасно го стави до знаење“, рече Бербок. „Се напаѓаат слободата, демократијата и човековите права. На тоа мора силно да се спротивставиме“. Трансатлантските партнери „се соочуваат со исти предизвици: нееднаквост, расизам, популизам, политичка поларизација, ослабени демократски институции“, оцени Бербок пред студентите на New School.

Универзитетот New School во Њујорк е основан во 1933 година од еврејски емигранти од Европа. Меѓу неговите најпознати професори се вбројува филозофината Хана Арент.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми