1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиКина

Кина нема да ѝ испорачува оружје на Русија

СН/агенции
14 април 2023

Пекинг даде уверување дека не ја поддржува и нема да ја поддржува Русија со оружје во нејзината војна против Украина. Германската министерка Бербок ја повика Кина да го искористи своето влијание врз „агресорска Русија“

Министрите за надворешни работи на Германија и на Кина, Аналена Бербок и Чин Ганг за време на нивната средба во Пекинг
Министрите за надворешни работи на Германија и на Кина, Аналена Бербок и Чин Ганг за време на нивната средба во Пекинг Фотографија: Kira Hofmann/photothek/IMAGO

Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг денеска изјави дека земјата нема да продава оружје на завојуваните страни во Украина и оти ќе го контролира извозот на сѐ што може да има и цивилна и воена употреба.

САД и другите земји претходно изразија загриженост дека Кина размислува да обезбеди воена помош за Русија.

„Во однос на извозот на воена опрема, Кина зазема одговорен став. Кина нема да ги снабдува со оружје релевантните страни во конфликтот и ќе го управува и контролира извозот на стоки со двојна намена во согласност со законите и прописите“, рече Чин на конференцијата за медиумите со неговата германска колешка Аналена Бербок.

Кина зазема одговорен став во однос на извозот на оружје, порача шефот на дипломатијата Чин ГангФотографија: Suo Takekuma/Pool via REUTERS

Чин ја повтори подготвеноста на Кина да помогне во мировните разговори и рече дека сите страни треба да останат „објективни и мирни“.

Како и канцеларот Олаф Шолц за време на неговата посета на Пекинг во ноември, и Бербок ја повика Кина да се заложи за тоа по мирен пат да ѝ се стави крај на руската војна против Украина.

„Еден човек може да стави крај на оваа војна утре а тоа е рускиот претседател Владимир Путин. „И ниту една друга земја нема толку големо влијание врз Русија како Кина“, додаде аербок. 

Таа во своето обраќање уште рече дека како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, Кина има посебна одговорност да помогне да се стави крај на конфликтот. И затоа Бербок праша зошто Кина не побарала од „агресорска Русија“ да ја „запре оваа војна“.

Кина да го искористи своето влијание врз „агресорска Русија“, порача во Пекинг шефицата на германската дипломатија Аналена БербокФотографија: Soeren Stache/dpa/picture alliance

Таа се осврна и на тензиите во Тајванскиот теснец, низ кој поминува голем дел од светската трговска стока, и рече дека конфликт во таа област би бил „глобална катастрофа“.

Нејзиниот кинески колега Чин, пак, ја обвини владата на Тајван за зголемените тензии во регионот откако Пекинг одржа големи воени вежби во обид да го заплаши островот.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми