1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Би-Би-Си му се извини на Трамп

СН/агенции
14 ноември 2025

Со денови трае спорот помеѓу Белата куќа и британскиот радиодифузен сервис Би-Би-Си. Првиот човек на Би-Би-Си, сега му се извинил на американскиот претседател Трамп – но исто така порачал: Нема основа за тужба.

Луѓе влегуваат во седиштето на британскиот радиодигузен сервис Би-Би-Си во Лондон
Скандалот со порната монтажа на исечоци од говор на Трамо го потресе Британскиот јавен радиодифузен сервисФотографија: Jack Taylor/REUTERS

Во спорот околу монтажата на документарна емисија, Би-Би-Си (BBC-British Broadcasting Corporation) му се извини на американскиот претседател Доналд Трамп. Медиумот со седиште од Лондон исто така соопшти дека нема основа за тужба за клевета од страна на претседателот на САД.

Претседателот на Би-Би-Си, Самир Шах, според медиумот, испратил лично писмо до Белата куќа, во кое бара прошка за монтажата на говорот што Трамп го одржал во јануари 2021 година.

Во заднината на спорот е документарецот „Трамп: Втора шанса?“ кој беше емитуван една недела пред претседателските избори во САД на 5 ноември 2024 година. Во обемниот прилог за емисијата „Панорама“ на Би-Би-Си, на едно место биле монтирани исечоци од говорот на Трамп од 6 јануари 2021 година.

Поради монтажата, може да се создаде впечаток дека Трамп директно ги повикал своите поддржувачи на упад во седиштето на американскиот Конгрес. Притоа биле изоставени деловите од говорот во кој Трамп ги повикува своите поддржувачи да маршираат мирно и патриотски 

Не е планирано повторно емитување

Британскиот јавен радиодифузен сервис објави на својата веб-страница дека нема повторно да ја емитува емисијата. Сепак, нема намера да плати отштета. Генералниот директор на Би-Би-Си, Тим Дејви, и извршната директорка, Дебора Тeрнес, поднесоа оставки по критиките за обработката на говорот на Трамп. Претседателот на Би-Би-Си, Шах, призна „погрешна проценка“ на медиумот.

Адвокатот на Трамп испратил писмо до Би-Би-Си во кое барал извинување и се заканувал со тужба од една милијарда американски долари.

Американскиот претседател и во минатото неколкупати тужеше медиумски компании во САД. Критичарите тоа често го гледаат како напад врз слободата на печатот.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми