1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дополнителен час евтина струја преку ден нема да има

ДТЗ
16 октомври 2024

Ако се воведе евтина тарифа од 12 до 16 часот, ќе треба да се укине евтината тарифа од 22 до 24 часот, вели првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски

Марко Бислимоски
РКЕ нема да се откаже од воведувањето на евтината дополнителна тарифаФотографија: DW/K. Delimitov

Дополнителен час евтина струја преку ден нема да има до крајот на годината и покрај тоа што цената на електричната енергија во периодот од 12 до 16 часот е најевтина на берзите. Анализите на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) покажале дека ако се воведе евтина тарифа од 12 до 16 часот, ќе треба да се укине евтината тарифа од 22 до 24 часот. 

„За жал од 20 до 24 часот цените се убедливо високи. Тоа е удар поради случувањата со цените во регионот“, вели првиот човек на Регулаторката комисија, Марко Бислимоски. 

Ова регулаторно тело правело анализи од 2021 до септември 2024 година, коишто покажале дека немало услови за евтина дневна тарифа во првите три години, кога и започна интересот за поставување на фотоволтаици.Но, од јануари годинава до септември имало тренд од најниски цени во секој час во периодот од 12 до 16 на берзата ХУПЕКС во Унгарија кои во просек биле под 50 евра за мегават/час. 

Се чека на подобри услови 

„РКЕ нема да се откаже од воведувањето на евтината дополнителна тарифа, но не сакаме да предизвикаме дополнителни проблеми во ЕСМ затоа што зголемената потрошувачка во дневна евтина тарифа ќе треба да се надомести од некаде“, вели Бислимоски. 

Веќе се разговарало и со ЕСМ и со ЕВН Хоум, кои немале забелешки и се за дополнителен час евтина тарифа. „Заеднички заклучивме дека ќе ја следиме сутацијата имајќи предвид дека ќе имаме сериозни најави за зголемување на електирчната енергија од јануари“, додава тој.

Според него, Македонија е единствена земја во регионот со евтина енергија преку ден и верува дека ќе се воведе дополнителен час кога ќе се создадат услови.  „Ако ја прекинеме евтината струја од 22 до 24 часот, нема да биде прифатено поради навиките на граѓаните. Реално ако овие часови ги ставиме во скапа тарифа, граѓаните ќе имаат помалку бенефит“, смета првиот човек на регулаторното тело.   

Ако се воведе евтина тарифа од 12 до 16 часот, ќе треба да се укине евтината тарифа од 22 до 24 часотФотографија: Micha Korb/pressefoto korb/picture alliance

Нема да има проблеми со гасот

Оксфордскиот институт за енергетски студии (OIES) предупреди дека Европа треба да се подготви за постудена зима и дека пазарот на гас е ранлив. Според овој институт, блага зима би можела да ја зголеми побарувачката за гас за најмалку осум до 10 милијарди кубни метри, а студена за најмалку 20-25 милијарди кубни метри во однос на минатата година.

Бислимоски вели дека Северна Македонија нема да има никаков проблем со снабдувањето со природен гас, бидејќи тој доаѓа преку т.н Турски тек, така што нема никаков пробем како да дојде гасот до земјата.

„Во Северна Македонија во овој момент нешто помалку од половината од постоечкиот гасовод е искористен. Како што знаете планот е да се направи нова интерконекција со Грција којашто ќе има далеку поголем капацитет од постоечката, така што обезбедувањето на гасот во наредниот период нема да биде проблем“, додава тој.

Во однос на цената на парното греење во Скопје, тој вели дека ќе биде стабилна до следното лето, освен ако не се случи драматична промена на цената кај природниот гас. 

Заедничка берза како решение

Бислимоски на прес-конференција во Скопје го изнесе својот став дека регионот треба да направи една голема сериозна берза, којашто ќе ги отсликува случувањата тука, со цел да избегнат надворешни влијанија. Посочувајќи дека летово регионот се довел во ситуација во одредени денови да плаќа и трипати повиска цена на електричната енергија, вели дека еден од проблемите е што сите берзи во регионот се реферираат на цената не берзата во Унгарија, на којашто тргуваат играчи од регионот, но и играчи од средна Европа и Австрија.

„Од искуството коешто го имавме ова лето, мислам дека ќе сфатиме дека многу е подобро да имаме една заедничка берза којашто пред се ќе ги намали трошоците, со оглед на тоа дека имаме берзи во сите земји од регионот, а сите сме релативно мали пазари. Но, доколку направиме една голема берза, заедничка за целиот регион тогаш таа ќе биде многу интересна за трговците и мислам дека ќе има далеку поголем обем на трговија од неколку европски берзи, вклучувајќи ја и ХУПЕКС“, вели Бислимоски.  

Балконски соларни панели: Обновлива енергија за сите!

00:58

This browser does not support the video element.


 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми