1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цените ќе се одмрзнат, но струјата нема да поскапи

ДТЗ
29 мај 2023

Министерот за економија, Крешник Бектеши и првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски се оптимисти дека цената на струјата нема да расте. Наскоро се враќа и дневната евтина струја

струја
Надлежните уверуваат - струјата нема да поскапи до крајот на годинатаФотографија: picture-alliance/dpa/J. Woitas

Замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот на 1 јуни ќе се одмрзнат, но цената на струјата нема да оди нагоре до крајот на годината. Надлежните уверуваат дека граѓаните не само што нема да плаќаат поскапа електрична енергија во наредниот период, туку во наредните десетина дена ќе се знае во кој период ќе може да се користи и дневната евтина струја. 

„Граѓаните нема да плаќаат поголема цена од постоечката од 1 јули до крајот на годината“, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. „Во текот на јуни ќе седнеме и ќе разговараме за новиот модел, кој сите заеднички ќе го формираме во склоп на енергетскиот совет“, рече Бектеши по средбата со министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарац.

Бектеши е дециден дека поскапување на електричната енергија нема да има. Фотографија: Wirtschaftsministerium Nord-Mazedonien

Тој најави дека со министерот за финансии и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и другите членови од Енергетскиот совет во рамки на Владата наредниот месец ќе разговараат за новиот модел за пресметување на цената на електричната енергија, но независно каков ќе биде утврдениот модел, Бектеши е дециден дека поскапување на електричната енергија нема да има. 

Два часа на ден евтина струја

И првиот човек не Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, вели дека е против тоа да се покачи цената на струјата. „Целта ни е да ја релаксираме ситуацијата со цената на електричната енергија. Противник сум цената да се зголеми во услови кога се изградени голем број на фотоволтаични електрани, кои помагаат да се намали увозот на струја во државата“, рече Бислимоски одговарајќи на новинарски прашања. 

Првиот човек не Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, вели дека е против тоа да се покачи цената на струјатаФотографија: DW/K. Delimitov

Тој информираше дека два часа на ден ќе има евтина електрична енергија, но допрва се прават анализи коишто треба да покажат кој период од 11 до 16 часот е најповолен за да се примена ваквата мерка.

„Кога точно ќе биде ќе покажат анализите кои ги правиме, но таа ќе биде во период кога цената на струјата е најевтина”, изјави Бислимоски. Повеќе детали ќе се знаат за десетина дена.  Дали и кога граѓаните ќе можат да користат дневна евтина струја ќе зависи од ЕВН кои ќе треба на терен да ги прилагодат броилата. 

Барања за цени на струјата

Во однос на цената на струјата, Бислимоски рече дека се прават последните анализи и дека некои оператори доставиле предлози за цени. Електродистрибуција бара зголемување од 36%, а ЕВН не доставиле предлог цена затоа што следниот месец ќе ги прават набавките на електрична енергија. 

Дневната евтина тарифа на струјата беше укината во екот на енергетската криза, кога цената на струјата достигна вртоглави бројки. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми