1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиБлиски Исток

Блинкен не издејствува прекин на огнот на Блискиот Исток

ЕМФ | агенции
21 август 2024

И покрај интензивните посреднички напори, посетата на американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен на Блискиот Исток завршува без успех. Но, разговорите веројатно ќе продолжат.

Aмериканскиот министер за надворешни работи Ентони Блинке
Aмериканскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен заминува од Блискиот Исток без да издејствува договорФотографија: Kevin Mohatt/Pool/AFP/Getty Images

Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен ја заврши својата деветта посета на Блискиот Исток од почетокот на војната во Газа, без да обезбеди забележителен напредок во насока на договор за прекин на огнот. Тој вчера (20.08) предупреди дека „времето е од суштинско значење“, додека Хамас и Израел сигнализираа дека предизвиците и натаму остануваат.

По разговорите што ги имаше во другите земји-посредници, Египет и Катар, Блинкен рече дека со оглед на тоа што Израел го прифатил последниот предлогза прекин на огнот во Појасот Газа, фокусот сега е ставен на правење сè што е можно за „да се вклучи Хамас“ и да се обезбеди дека двете страни ќе се согласат со клучните детали за имплементација на договореното.

„Нашата порака е едноставна. Јасна е и итна“, им рече Блинкен на новинарите пред да замине од Катар. „Треба да постигнеме прекин на огнот и договор за заложници, и тоа треба да го направиме сега. Времето е од суштинско значење“.

Во врска со т.н. предлог за премостување даден од страна на САД, Египет и Катар, се познати малку детали. Блинкен изјави дека тој е „многу јасен во врска со временскиот план и местата на повлекување (на израелската армија) од Газа“.

Милитантно исламистичкиот Хамас вчера го оцени најновиот предлог како промена на она што било договорено и ги обвини САД дека додаваат нови услови од страна на Израел. Засега нема реакција од САД во врска со ваквите тврдења.

Земјите кои посредуваат сакаат да продолжат

Министерот за надворешни работи на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, му повтори на Блинкен дека неговата земја ќе ја задржи улогата на посредник во разговорите за прекин на огнот во Газа, заедно со Египет и САД. Катар ќе продолжи со напорите и комуникацијата за ставање крај на војната, се вели во соопштението на Министерството.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми