1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Блинкен во Киев за да демонстрира американска поддршка

ЖА
14 мај 2024

Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен пристигна во посета на Киев за да демонстрира поддршка на САД за Украина

Ентони Блинкен пристигна во посета на Киев
Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен пристигна во посета на КиевФотографија: BRENDAN SMIALOWSKI/Pool Photo/AP/picture alliance

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен допатува во ненајавена посета на украинскиот главен град Киев. Тој пристигна со ноќен воз од Полска во вторникот наутро. Тоа е четврта посета на Блинкен на Киев од почетокот на руската агресорска војна во февруари 2022 година. Меѓу другото, планирана е средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Првенствена цел на патувањето е да испрати силен сигнал за поддршка на Украинците, кои очигледно се во „многу тешка“ ситуација, изјави висок претставник на американската влада за новинарите за време на возењето со воз за Киев, укажувајќи на  борбите на фронтот  на исток и  нападите врз областа Харков  во североисточна Украина.

„Сепак, ние сме многу уверени дека Украинците ќе можат сѐ повеќе и поефикасно да ги потиснуваат Русите со пристигнувањето на  нашата помош од САД и од другите сојузници и партнери“, додаде американскиот функционер.

Украинската армија моментално е под зголемен притисок од  руската офанзива во регионот Харков. Во понеделникот, украинскиот Генералштаб ги призна „тактичките успеси“ на руските трупи во регионот во североисточна Украина. Според украинските информации, руската армија во петокот од Русија започнала копнена офанзива во областа Харков.

САД во последниве недели најавија неколку  пакети за помош на Украина.  Тие следат откако  американскиот Конгрес одобри воена помош  во вредност од 61 милијарда долари (околу 56 милијарди евра) за Киев во април по неколкумесечна блокада.

Покрај разговорот со Зеленски, Блинкен планира да се сретне и со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и со претставници на граѓанското општество во Киев. Тој, исто така, сака да одржи говор на тема „Стратешкиот успех на Украина“. Друга тема на посетата е билатералниот одбранбен договор што САД сакаат да го склучат со Киев пред самитот на НАТО во Вашингтон во јули. Преговорите за договорот се во „последна фаза“, изјави висок претставник на американската влада.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми