1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаБразил

Болсонаро се враќа во Бразил, но не како опозициски лидер

ЖА / агенции
30 март 2023

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро, по три месеци поминати во САД, е на пат кон татковината. На аеродромот во Флорида порача дека нема да ја предводи политичката опозиција против претседателот Лула.

Бразил, Жаир Болсонаро
Екс претседателот на Бразил, Жаир БолсонароФотографија: Roberto Schmidt/AFP/Getty Images

Бразилскиот екс претседател Жаир Болсонаро нема намера да стане предводник на опозицијата во својата земја, но ќе соработува со својата партија и ќе се ангажира за неа, како што изјави за Си-Ен-Ен Бразил пред неговото патување од САД во татковината.

Болсонаро планира да патува низ Бразил и да разговара со своите симпатизери. „Ќе и` служам на мојата партија како личност со искуство“, порача Болсонаро, спротивно на неговото тврдење во интервју за Волс трит џуррнал во февруари, дека се стреми кон лидерска опозициска позиција.

Десничарот Болсонаро беше поразен во вториот круг на претседателските избори во Бразил во октомври 2022 година од левичарскиот политичар Луис Инасио Лула да Силва. Два дена пред крајот на својот претседателски мандат, на Нова година, Болсонаро со своето семејство отпатува во САД, каде престојуваше досега. Медиумските извештаи велат дека таму престојувал со шестмесечна туристичка виза.

На 8 јануари оваа година, приврзаниците на Болсонаро, кои не ја признаваат победата на Лула, упаднаа во Конгресот, во владината резиденција и во Врховниот суд во главниот град Бразилија, предизвикувајќи големи материјални штети. Врховниот суд на Бразил започна истрага во врска со упадот, кој ја опфаќа и улогата на Болсонаро во негово поттикнување.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми